Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација


Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските медиуми.

Од 16 март германската влада сака да ја направи вакцинацијата против коронавирусот задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени установи, според нацрт-законот до кој „Ројтерс“ имал пристап.

Во новинарските извештаи е наведено дека досега Германија избегнуваше воведување задолжителна вакцинација од страв дека може да останат без медицински персонал и негувателки, но сега се одлучи на тој потег бидејќи расте бројот на новозаразени во четвртиот бран на пандемијата.

Социјалдемократите, Ззелените и Либерално-демократската партија, кои в среда ќе формираат нова влада, следната недела ќе го претстават новиот закон пред парламентот, пишуваат медиумите.

Во нацрт-законот се наведува дека вработените во здравствениот и медицинскиот сектор од 15 март ќе треба да имаат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, дека го прележале коронавирусот или поседуваат потврда дека не може да ја примат вакцината.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија