ПЕКАРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ИМААТ ДВОЈНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ: Од 885 до неверојатни 1.770 евра

Проблемот со недостиг на кадар постои веќе подолго време во пекарската индустрија во Германија, но состојбата со текот на времето се влошува.

Сопственикот на пекара во Бамберг вели дека недостигот од млади луѓе директно резултирал со недостиг на квалификувани работници во оваа гранка, што е сериозен проблем за компанијата. Така тој дошол до краткорочно решение: двојно ја зголемил платата на практикантите.

Во прва година од едукацијата е 1.350 евра наместо 675 евра, во втора година е 1.510 наместо 755 евра, а во трета година е неверојатни 1.770 евра наместо 885 евра.

„Ја дуплираме платата за време на обуката“, се вели на Фејсбук страницата на асоцијацијата на пекари.

Работното време е голем минус

Удвојувањето на платата се однесува на обука за слаткари, пекари и продавачи. Сопственикот на пекарницата не знае дали ќе помогне зголемувањето на платите.

Тој смета дека особено голем минус е работното време во пекарата, бидејќи е меѓу 2:30 и 11 часот.

Сепак, завршувањето на работата наутро значи и дека имате голем дел од денот за одмор и за друга работа.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија