Плата и до 3.000 евра за возач на автобус во Германија

Германија се соочува со недостиг од 16.000 возачи на автобуси, а потребата од оваа професија во цела Европска унија е особено голема, бидејќи голем дел од нив заминуваат во пензија и не се обновуваат со нов кадар.

Проценките покажуваат дека до 2020 година, ЕУ ќе се соочи со недостиг од голем број возачи. Интерес за овој вид работа во Германија се појави и во Хрватска, каде веќе има луѓе кои почнале да возат градски линии на јавен превоз, пренесува Гласот на Славонија.

Договорите што ги склучуваат подразбираат учење на германски јазик неколку месеци во претпладневните часови, додека попладне одат на обука за сообраќање на линиите, односно учат по кои улици треба да возат и на кои постојки треба да застанат. На лицата им е обезбедено сместување и храна, а доколку одлучат да возат и ноќни линии, ќе имаат можност да заработат и до 3.000 евра.

Од останатите земји во ЕУ, платите во возачите во Италија се движат околу 2.000 евра месечно, во Германија од 2.500 до 3.000 евра, а во Шведска и Данска околу 3.500 евра.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија