Постапка за иселеничка виза за САД

Странските државјани кои сакаат да се преселат и да живеат постојано во Соединетите држави мора да ги следат специфичните процедури за да аплицираат за Иселеничка Виза. Иселеничката Виза издадена од Конзуларниот Оддел на Амбасадата на САД ви овозможува да патувате за САД и да станете Жител со Постојан Престој. Така ќе имате право постојано да живеете и работите во САД. Дополнителни информации можете да најдете на United States Citizenship and Immigration Services (USCIS).

 

Процес на аплицирање за Иселеничка Виза
Постојат неколку чекори при комплетирањето на апликацијата за Иселеничка Виза. Деталите за овој процес можете да ги најдете на travel.state.gov. Чекорите објаснети подолу започнуваат со претпоставка дека веќе сте ја поднеле петицијата во USCIS.

Општи услови: Оваа интернет страна и телефонскиот центар не даваат информации за процесирањето на документите во USCIS, NVC, KCC или во Конзуларниот Оддел.

Чекор 1 – Поднесена Петиција (Чека Одобрување од USCIS)

Проверетe го статусот на поднесената петиција за иселеничка виза на интернет страната на USCIS.

Чекор 2 – Одобрена Петиција (Процесирање во NVC)

Доколку имате добиено известување дека Петицијата за Иселеничка Виза е одобрена од USCIS и е пратена во Националниот Центар за Визи (NVC) или KCC за понатамошна обработка, ве молиме посетете ја интернет страната на NVC за да ги дознаете следните чекори за процесирањето во NVC.

NVC, KCC, или Конзуларниот Оддел при Амбасадата на САД ќе ви испратат известување и инструкции за понатамошните активности и датумот на интервју(а).

Чекор 3 – Подготовка за Интервјуто

За да се подготвите за вашето Интервју, кликнете овде.

Чекор 4 – Присуство на закажаното Интервју за виза во Конзуларниот Оддел

Дојдете на закажаното Интервју на назначениот датум во писмото од NVC, KCC или Конзуларниот Оддел. Ве молиме да ги донесете сите потребни документи на Вашето Интервју за виза.

Чекор 5 – После Интервјуто за виза

Откако ќе помине Интервјуто во Конзуларниот Оддел на Амбасадата на САД, можете да го следите статусот на Вашата апликација за виза на https://ceac.state.gov/CEAC.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија