Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.
Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.
При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:
- 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
- 2 биометриски фотографии од понов датум.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
- Договор за работа (не постар од 6 месеци): потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за видот и содржината на работната позиција, почетокот и времетраењетo на вработувањето, неделното работно време, местото на работа, висината на бруто личен приход, местото на издавање и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии.
- Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија.
- Од 01.03.2020 важи: со навршување на возраст од 45 години и минимален месечен бруто личен приход од 3.795,- евра или докази за можноста за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик.
- Формулар за oпис на работното место – Сојузна агенција за вработување (Stellenbeschreibung – Bundesagentur für Arbeit), (не постар од 6 месеци): комплетно пополнет (секоја точка) и потпишан од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
- Доказ за признавање на еквивалентноста на стручното образование од Германија: уверение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на вашето стручно образование, во оригинал и 2 копии.
Признато стручно образование е предуслов за обавување/извршување на квалификувана работа/дејност во Германија.
Еквивалентноста на вашето стручно образование мора да се утврди во таканаречена постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија– Anerkennungsverfahren.
Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи можете да погледнете на веб страната: www.anerkennung-in-deutschland.de
- Доказ за познавање на германски јазик: на Б1 ниво, во оригинал и 2 копии.
- Негувaтели и болничари мора да докажат јазични познавања на Б2 ниво, во оригинал и 2 копии
- Признати сертификати се: сертификатот од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или ОСД – австриска јазична диплома (ÖSD – Österreichisches Sprachdiplom).
- Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.