Работна виза со признато академско образование – Германија

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

  • 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
  • 2 биометриски фотографии од понов датум.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
  • Договор за работа (не постар од 6 месеци): потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за видот и содржината на работната позиција, почетокот и времетраењето на вработувањето, неделното работно време, местото на работа, висината на бруто личен приход, местото на издавање и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии.
  • Дејноста мора да одговара на квалификацијата.
  • Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија.
  • Од 01.03.2020 важи: со навршување на возраст од 45 години и минимален месечен бруто личен приход од 3.795,- евра или докази за можноста за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик.
  • Формулар за oпис на работното место – Сојузна агенција за вработување (Stellenbeschreibung – Bundesagentur für Arbeit), (не постар од 6 месеци): комплетно пополнет (секоја точка) и потпишан од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
  • Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана, во 2 примерока.
  • Доказ за завршено високо образование (диплома за завршен факултет и уверение со преглед на оценките), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
  • Доказ од датотеката АНАБИН дека Вашето високо образование е признато или еквивалентно со високото образование во Германија, (www.anabin.kmk.org), во 1 примерок. Проверката во АНАБИН секогаш треба да се спроведе како во однос на факултетот така и во однос на универзитетската диплома. (Vergleichbarkeit: Hochschule H + und Abschluss: entspricht).
  • Доколку вашето високо образование или факултетот не се признати или еквивалентни со истите во Сојузна Република Германија, еквивалентноста на вашето високо образование мора да се утврди од надлежна служба во Сојузна Република Германија.

Дополнително кај професии од областа на здравството:

  • Доказ за познавање на германски јазик на Б2, во оригинал и 2 копии.
    – Признати сертификати се: сертификатот од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или ОСД – австриска јазична диплома (ÖSD – Österreichisches Sprachdiplom).

Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија