Светската здравствена организација (СЗО) смета дека цигарите треба да поскапат. Во Германија една кутија цигари чини помеѓу 7 и 10 евра, но според СЗО, треба да чини најмалку 23 евра, вели шефот на Одделот за промоција на здравјето на СЗО, д-р Рудигер Крех.
Кога ќе се земат предвид трошоците за лекување поради нарушеното здравје предизвикано од пушењето, СЗО процени дека една кутија цигари треба да чини 23 евра.
Под трошоци за пушење, СЗО ги подразбира трошоците за лекување поради пушењето, трошоците за лекови, трошоците за посети на лекари, рехабилитација, но и трошоците кои произлегуваат од губење на работното место, а напоменува и дека пушењето ја чини германската држава 82 милијарди евра.
– Третина од сите медицински трошоци се предизвикани од пушењето. Другите земји се голем чекор пред нас. На пример, Ирска, каде што цигарите сега чинат 15,60 евра. Изненадува што особено Германија не прави добар напредок во областа на контролата на тутунот – смета Крех.