Скандал во Германија: На децата им дале погрешни вакцини против Ковид-19

Во Центарот за вакцинација во регионот Олпе во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, на голем број деца им е администрирана вакцината на „Модерна“, која не се препорачува за помлади од 30 години, наместо на „Фајзер/Бајонтек“, која е дозволена за 5-11 годишна возраст од страна на Постојаната комисија за вакцинација (STIKO), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на подрачното раководство на Олпе се наведува дека на децата „по грешка“ наместо на „Бајонтек“ им била дадена вакцината на „Модерна“.

Откако е забележана ситуацијата веднаш биле известени родителите на децата.

Во соопштението се нагласува дека во врска со администрираната вакцина на „Модерна“ кај децата известена е и Европската агенција за лекови (ЕМА), и дека немало никакви несакани ефекти кај децата кои ја примиле вакцината.

Исто така се наведува дека по барање на родителите е поднесена пријава во полиција.

Според соопштението, не се знае точно колку деца се вакцинирани, а се додава дека е започната истрага за расветлување на настанот.

На 9 декември, Постојаната комисија за вакцинација на Германија препорача вакцината против Ковид-1 развиена од „Фајзер/Бајонтек“ да се администрира кај деца на возраст од 5-11 години кои се во ризична група.

Вакцината на „Модерна“, која е одобрена за употреба кај лица постари од 12 години во Европската Унија (ЕУ), не се препорачува за лица под 30 години во Германија поради ризикот од воспаление на срцевиот мускул.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија