Сомалиецот, кој со нож уби три жени во Германија извикувал: Алах Акбар и џихад (ВИДЕО)

Исламистички материјали со пораки со омраза биле пронајдени во станот на Сомалиецот кој вчера уби три и рани шест лица со нож во центарот на Вирцбург, со извици „Алаху Акбар“ и „џихад“ за време на нападот.

Ова било објавено денеска на прес-конференција во Вирцбург.

„Во станот на сторителот беа пронајдени материјали со пораки на омраза, чија содржина сè уште е под истрага“, изјави на прес-конференцијата портпаролот на полицијата во Вирцбург, Армин Кенерт.

Тој исто така потврдил дека сторителот извикувал „Алаху Акбар“ и „џихад“ за време на нападот, но рече дека и покрај тоа, во овој момент не е можно точно да се потврди кој е мотивот за вчерашниот напад.

Дневниот весник Билд наведува, повикувајќи се на извори во полицијата, дека кај него пронашле пропагандни материјали на Исламската држава.

Сторителот, 24-годишен сомалиски државјанин, бил на психијатриско лекување во неколку наврати и неодамна, како што било речено, покажал „агресивно однесување“.

Во јануари годинава тој учествувал во инцидент во дом за бездомници во кој живеел, кога исто така посегнал по ножот, но не нападнал никого.

Државното обвинителство и полицијата исто така не можат со сигурност да одговорат зошто жртвите на нападот биле исклучиво жени.

„Според сегашната состојба на истрагата, можно е да станува збор за случај“, беше речено на прес-конференцијата.

Мажот од Сомалија вчера попладне влегол во стоковна куќа во центарот на Вирцбург, каде ја замолил продавачката да му покаже кујнски ножеви, по што зел еден и веднаш ја прободел во вратот продавачката и двете жени во близина.

Потоа излегол на улица и таму ги продолжил нападите сè додека полицијата не го совладала откако бил застрелан во бут. Вкупно шест лица биле повредени, од кои едното се уште е во животна опасност.

Сомалиецот пристигнал во Германија во 2016 година среде бегалската криза, а живеел во Вирцбург од 2019. Во моментов ужива т.н. супсидијарна заштита, што значи дека е одбиено неговото барање за азил и статус на бегалец, но тој не е протеран бидејќи е во опасност во неговата земја на потекло.

Утрово тој е изведен пред истражен судија кој му одредил мерка притвор до ново известување.

Нападот во Вурцбург предизвика шок и бес кај политичарите низ целата земја, а претседателот Франк-Валтер Штајнмаер рече дека сторителот мора да ги почувствува мерките за владеење на правото.

Пред пет години во близина на Вирцбург, еден млад Авганистанец нападна и повреди неколку лица со секира и нож во воз, по што беше убиен во судир со полицијата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија