Сонот за подобар живот ја празни Македонија, младите заминуваат, најмногу во Германија

Младите сè повеќе го целат кон Западот со надеж дека ќе најдат подобар живот.

Трендот последниве години е патот кон Германија. Многу млади заминаа, но многу повеќе се пријавуваат секој месец да закажат термин во германската амбасада во Скопје.

Само од Кичево во февруари во германската амбасада се пријавиле над 400 лица, исто толку и во март.

„Трендот на заминување на младите и понатаму е загрижувачки. Само во февруари во германската амбасада се пријавиле 400 кичевци. Ова се податоците што ги собра ТВ21 од агенциите кои се занимаваат со барања за визи, не вклучувајќи го бројот на лица кои поединечно аплицирале. Истата ситуација е и во март, каде што бројката е 350-400 кои се пријавиле само преку агенции, дури и овде не се вклучени лицата кои се пријавиле поединечно“, јавува репортерот на ТВ21.

Универзитетскиот професор Дервиш Алими вели дека на студентите  паметот им е кон Запад бидејќи, според него, овде не гледаат перспектива. Тој вели дека сето ова заминување на млади дипломци доаѓа како резултат на вработување на партиска, а не на професионална основа.

„Таму им се главата и умот, затоа што не гледаат перспектива, затоа што критериумите за избор не се стручни, има студенти кои имаат просек од 10, не наоѓаат работа, очајни се и заминуваат. Нема вработување врз основа на просекот и школската подготовка“, вели Алими. 

Во Република Северна Македонија нема статистички податоци за тоа колку луѓе ја напуштиле земјата минатата година, но неофицијалните податоци велат дека Македонија во последните 20 години ја напуштиле  над 450 илјади граѓани за подобар живот во земјите на ЕУ.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија