Со еден клик гледате во туѓата приватност! Дали е ова најморничавата страница на интернет?

Помеѓу веб-локациите кои прават да се чувствуваме непријатно, најлоши се веројатно оние кои повторно и повторно не потсетуваат колку е кревка нашата приватност на интернет.

Токму таква страница стана популарна на социјалните мрежи оваа недела – прикажува голем број камери ширум светот до кои можете да пристапите без никаква лозинка. Овие камери не се хакирани, едноставно не се доволно добро обезбедени.

Станува збор за сајт наречен „Insecam“, а се што треба да направите е да кликнете на „сликата“ за да го отворите погледот од камерата. Многумина ја нарекуваат „најморничавата страница на интернет“, бидејќи обезбедува незаштитен поглед на камерите ширум светот.

Со кликнување на камерата се добиваат дополнителни информации, како што се координатите каде се наоѓа камерата, а подолу има и мапа каде е „заглавена“ локацијата.

Некои од овие камери очигледно се користат за научни цели за набљудување на дивиот свет или нешто слично, но има и комерцијални, низ чијашто леќа се гледа поглед на паркинзи или фронтови на продавници.

Можно е да се подредат по популарност или по некои други критериуми, а на веб-страницата пишува дека секој може да им испрати писмо, доколку сака да се отстрани погледот од одредена камера.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија