Список на санкции и бојкоти против Русија

Не овие официјалните, државни, туку кои сè компании и организации одлучија под притисок на војната да го напуштат рускиот пазар без разлика на неговата големина и колку време биле таму.

Колку повеќе руските тенкови му се приближуваат на Киев, толку повеќе санкции се нижат на контото на Русија и нејзините граѓани, од компании кои по распадот на СССР со нетрпение чекаа да влезат на новиот пазар.

Санкциите доаѓаат во сите форми и тежина, и главно се однесуваат на комплетниот руски пазар.

Списокот на компании и организации:

Епл – комплетно излегување од пазарот.

Адидас – прекината соработка со фудбалската репрезентација.

Ауди – прекин на извоз на автомобили.

АМД – целосна забрана за испорака на чипови а наскоро и графички картички.

Бритиш петролеум – продажба на 20% од акциите во Роснефт.

Би-би-си – повлекување на сите лиценци за емитување.

БМВ – затворање на фабриките и блокирање на снабдување со нови возила.

Болт (слично на Убер) – излегување од пазарот.

Боинг – излегување од пазарот.

Кански фестивал – блокирање на руската делегација.

Карлсберг – ограничување на увозот и извозот од Русија.

Цекс Ио (крипто платформа) – банирање на руски корисници.

Синема 4Д – гасење на апликацијата.

Дизни – откажување на сите филмови.

Дел – излегување од пазарот.

Дропбокс – за неколку денови нема да биде достапен во Русија.

ДХЛ – излегување од пазарот.

ЕА Спорт – отстранување на руските репрезентации и клубови од видео игрите ФИФА и НХЛ.

Евровизија – исклучување на рускиот претставник.

Ериксон – излегување од пазарот.

Ексон мобил – повлекување на сите свои специјалисти од руските нафтени компании и прекинување на инвестициите во Русија.

Етси – укинување на долгот што украинските корисници го имаат кон компанијата.

Фејсбук – забрана за руски медиуми.

ФедЕкс – целосен прекин на испорака.

Формула 1 – откажување на трката во Сочи.

Форд – прекин на соработката со Русија и продажба на нови возила.

ФИФА – дисквалификација на руската репрезентација од Светското првенство и забрана за одржување на кој било меѓународен натпревар во Руската федерација.

Гугл мапс – гасење на извештаите за сообраќај во Украина.

Генерал моторс – стопирање на дел од извозот.

ХП – забрана за извоз.

Х&M – затворање на сите продавници во Русија.

Харли Дејвидсон – прекин на снабдувањето нови мотори и делови.

Инстаграм – блокирање на пропагандата.

Интел – забрана за испорака на микрочипови.

Јагуар – прекин на испорака на возила на рускиот пазар.

Џубл (агрегатор на огласи за вработување) – укинување на сервисот.

Куна (компанија за паметни уреди) – излегување од пазарот.

МОК – откажување на сите натпреварувања.

Мастеркард – престанување со издавање картички и исклучување на неколку банки.

Маерск – прекин на сите испораки до и од Русија.

Мерцедес – прекин на извоз на автомобили и комбиња на рускиот пазар.

Мегого (платформа за филмови) – бришење на сите руски филмови.

Мобилен светски конгрес – исклучување на рускиот павилјон од глобалниот саем.

Нетфликс – блокирање на претплати од Русија и прекинување на снимање на руски ТВ серии.

Најк – затворање на сите продавници.

Нестле – затворање на 3 фабрики во Русија.

Оракл – прекинување на сите операции во Русија.

Пајсера (сервис за плаќање) – блокада.

Пејпал – забрана за регистрација на нови сметки.

Парамаунт – блокада на испорака на филмови.

Паримеч (кладилница) – повлекување на франшизата.

Рено – прекин на одредени операции во фабриката во Русија заради недостаток на делови.

Сканија – излегување од Руската федерација.

СпејсИкс – испорака на Старлинг опрема на Украина.

Шел – раскинување на договорот со Газпром.

Спотифај – затворање на канцелариите во Русија и блокирање на содржините од руските државни медиуми.

Сони – забрана за дистрибуирање на филмови.

ТикТок – блокирање на руски државни медиуми во Европа.

Тојота – затворање на фабриките во Русија.

УЕФА – одземање на финалето на Лига на шампиони во Санкт Петербург, забрана за сите руски клубови да учествуваат во натпреварите на УЕФА и раскинување на договорот со генералниот спонзор Газпром.

УПС – целосен прекин на испораки.

Универзал – забрана за дистрибуирање филмови.

Виза – блокирање на банките што се под санкции.

Волво – престанок на испорака на возила.

Јутјуб – блокирање на стотици руски канали и монетизација на истите.

Ворнер брос – забрана за дистрибуирање на филмови.

Фолксваген – престанок на испорака на возила.