Тивки прошетки: Најдобар начин за да се ослободиме од стресот

Тивките прошетки се најновиот тренд на социјалните медиуми.

Но, воопшто не треба да биде чудно зошто се толку важни и корисни за ослободување од стресот и општото чувство на добросостојба. Некои луѓе го нарекуваат и медитација во движење.

Тивките прошетки претставуваат добар начин да се поврземе со природата  и да се ослободиме од оние работи кои постојано ни го крадат вниманието. Ваквите прошетки опфаќаат време поминато сам/а со себеси, слушајќи музика или подкаст, но без разговор со друга личност.

Но, за разлика од останатите физички активности, тука не е важно колку чекори ќе направиме или колку калории ќе потрошиме. Она што е важно е квалитетот на времето поминато во природа и смирувањето на умот. За некои луѓе, може да биде 10 минути, за други еден час.

Ваквата активност може да биде тешка за луѓето кои сакаат да зборуваат и не можат да седат сами со своите мисли додека се сами, но вреди да пробате. Дури и самото тоа што не можете да молчите може да е знак дека на вашиот ум му е потребно да се смири на одреден начин. Затоа, иако можеби ви е тешко на почетокот, прифатете го тоа и следете ги своите сетила. Како на вас делува самата активност? Започнете со само неколку минути во денот. Нека ви стане пријатно полека, а дури потоа опуштете се и пешачете повеќе.

Како ова ни помага да го победиме под стресот?

Кога сме под стрес, секоја врева или звук може да ни пречи. Но, со тивкото пешачење, се препуштаме на природата, на звуците околу нас и уживаме во зеленилото без да гледаме во телефонот, без да ги проверуваме нотификациите, без да мислиме на тоа што чека на нас.

Тоа истовремено ни помага да постигнеме ниво на свесност и да најдеме јаснотија, да ги смириме мислите и полека, чекор по чекор и самите негативни мисли. Се препорачува особено за луѓето кои минуваат долго време седејќи пред компјутер, но и за сите нас кои знаеме дека сме зависни од своите телефони.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија