Типови работна виза за Нов Зеланд

Постојат повеќе видови на работна виза за Нов Зеланд. Некои од нив се за кратки периоди од 1 до 3 години и се нарекуваат времени. Други се потрајни и дури нудат можности за станување на жител на Нов Зеланд. Таквите се нарекуваат визи за престој.

1. Времени работни визи – за краткотрајни можности или како почетна точка за животно искуство во Нов Зеланд. Ова е виза која ви овозможува да работите во Нов Зеланд одреден временски период – обично период еднакво на договорот за работа. Ова е виза која одговара за секој што е заинтересиран за краткорочна работна опција во Нов Зеланд. Овие категории на работни визи можат да се доделат за 1 до 3 години и се доделуваат во следниве категории:

  • Виза за работен одмор

Идеално доколку сте на возраст под 30 години и барате да патувате и работите во Нов Зеланд за период до 12 месеци (или до 23 месеци доколку сте од Обединетото Кралство). Доколку сте на возраст под 35 години, програмата за размена на работна сила е уште една опција слична на програмата за работен одмор. Проверете на BUNAC за повеќе информации.

  • Виза за времена работа

Оваа виза е најпогодна доколку имате понуда за работа. Неопходни вештини е работна виза наменета да им помогне на работодавците од Нов Зеланд да ги поплнат слободните работни места со мигрантски квалификуван персонал (што е можно поскоро) доколку не можат да најдат работници во Нов Зеланд. Работните визи се времени визи и овозможуваат престој во Нов Зеланд одреден временски период до 3 години. Доколку имате понуда за работа, постојат можности вашиот работодавец да знае за овој тип на виза и да ги исполнува критериумите, вклучително следниве:
– Да ја има огласено работата на локално ниво и да не можел да најде државјанин на НЗ или лице со престој во НЗ кое може да го пополни тоа работно место и/или
– Работата за која станува збор да е на списокот на Непосреден или долгорочен недостаток од квалификувана работна сила
(како поддршка на Вашата апликација, Вашиот работодавец ќе треба да го пополни Дополнителниот формулар за работодавци и препорачливо е да изготви писмо во кое ќе ги нагласи квалификациите и вештините со кои вие ќе придонесете во неговата фирма.

  •  Виза за барање на работа

Оваа виза е најдобра за високо квалификувани лица, на возраст 20-35 со признати квалификации. Оваа виза важи девет месеци и овозможува да дојдете во Нов Зеланд и да барате работа. Секоја година се издаваат само 300 вакви визи. За да дознаете повеќе за потребните квалификации, кликнете овде.

  • Виза за стекнување на практично исксутво – сребрен папрат

Откако успешно сте нашле вработување за квалификувани лица со визата за барање на работа – Сребрен Папрат, ќе бидете подобни да се пријавите за Виза за стекнување на практично исксутво Сребрен Папрат. Со оваа виза можете да работите во Нов Зеланд до 2 години.

 

 

2. Виза “Со работа до престој“ – посебни категории на визи со кои можете да го искусите живеењето во Нов Зеланд каде ќе почнете да се квалификувате за престој од првиот ден, и ќе можете или да останете кратко време или да поднесете барање за престој онолку колку што сакате. Визата “Со работа до престој“ во овозможува да престојувате во Нов Зеланд до 30 месеци и е одлична за две различни цели:

• Доколку не сте сигурни колку долго ќе престојувате но саката да имате опција да аплицирате за виза за престој подоцна
• Доколку сеуште не се квалификувате за виза за престој, но сакате вашето работно искуство во Нов Зеланд да ви помогне при апликацијата за виза за престој

Потоа, со одобрение, додека работите, можете да аплицирате за виза за престој. Со визата “Со работа до престој“ можете да дојдете во Нов Зеланд со следниве визни можности:
a) Таленти (Акредитирани работодавци) – За лица со понуда за работа од акредитиран работодавец. Доколку имате понуда за работа од акредитиран работодавец од Нов Зеланд и сте на возраст под 55 години – тогаш ги исполнувате основните услови за Таленти (Акредитирани работодавци). Истата може да биде и начин за добивање на престој доколку не ги исполнувате условите од Категоријата на квалификувани мигранти.
Визата ќе ви биде доделена за период од 30 месеци.

б) Список на долгорочен недостаток на работна сила – За професии кои се наведени во списокот на долгорочен недостаток на работна сила. Доколку поседувате вештина со која ги исполнувате условите од Списокот на долгорочен недостаток на работна сила (LTSSL) и имате понуда за постојано вработување за период од две години, тогаш треба директно да аплицирате за виза LTSSL “Со работа до престој“. Оваа виза ќе ви биде дадена за 30 месеци.

3. Визи за престој – за оние кои сакаат Нов Зеланд да им стане постојан дом. Со статус на престој можете да живеете, работите и учите во Нов Зеланд неограничено време. Бенефициите од добивањето на престој вклучуваат можност да се работи било каде, да се име целосен пристап до финансираното (од владата) здравство, пристап до сите образовни програми без потреба да се плаќаат школарини за меѓународни студенти – повеќето од правата кои ги уживаат државјаните на Нов Зеланд, вклучително и правото да се гласа. Во рамките на категориите на виза за престој, можете да изберете да дојдете во Нов Зеланд според следниве опции за виза:

a) Квалификуван мигрант – Врз основа на поените кои ги добивате за квалификациите, вештините, искуството и другите фактори кои се значајни за економските потреби на Нов Зеланд. Категоријата на квалификуван мигрант е за лица кои ги имаат потребите вештини, квалификации и искуства и кои сакаат да постојано да живеат и работат во Нов Зеланд. Вие и членовите на вашето семејство кои се вклучени во вашата апликација треба да ги исполнувате следниве критериуми:

• Здравје: Треба да сте во добра здравствена состојба. Доколку вашето писмо за изразување на интерес е прифатено и сте поканети да аплицирате за постојан престој, ќе бидете предмет на проценка од страна на одобрен лекар. Вашата апликација треба да биде пропратена со медицинска потврда, ренгенски снимки од граден кош, за секој од членовите на семејството опфатени во апликацијата.
• Карактер: Треба да имате добар карактер. Тоа ќе го докажете со потврда од полиција за сите апликанти на возраст на 17 години. Лица кои имаат извршено сериозни криминални дејства нема да бидат примени во Нов Зеланд.
• Познавање на англискиот јазик; Треба течно да зборувате англиски. Без разлика дали сте носител на апликацијата или не, треба да исполнувате одреден лимит во познавањето на англискиот јазик.
• Професионална регистрација: За одредени сектори на работа, ќе ви биде потребна професионална регистрација доколку сакате да работите во Нов Зеланд. Доколку за вашата професија е потребна таква регистрација а вие не ја поседувате, нема да можете да работите во дадената професија според Категоријата на квалификувани мигранти.

Сектори каде постои голема побарувачка на квалификувани работници:
• Образование
• Здравство
• Информатичка и комуникациска технологија
• Земјоделство и сточарство
• Инженерство
• Трговија

б) Претприемач – за оние кои ќе докажат дека успешно основале и отвориле сопствени бизниси во Нов Зеланд
в) Претприемач плус – за оние кои инвестирале најмалку 0.5 милиони новозеландски долари за основање и отворање на бизнис во Нов Зеланд
г) Инвеститор – за оние кои се заинтересирани за инвестирање најмалку 1.5 милиони новозеландски долари во Нов Зеланд
д) Инвеститор плус – за оние кои се заинтересирани најмалку 1.5 милиони новозеландски долари во Нов Зеланд

Доколку не сте сигурни за каква виза ги исполнувате условите, можете да кликнете овде и да одговорите на неколку прашања поврзани со Вашите лични податоци, образование, брачен статус, познавање на јазик и слично, по што ќе добиете одговор за која виза можете да аплицирате.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија