Red Sightseeing објавува оглас за продажни агенти за сезона 2015.
Ова е компанија која организира туристички разгледувања на Стокхолм со автобуси и бродови.
Како продажен агент, ќе се грижите за патниците, ќе продавате билети во автобусите/бродовите и ќе имате за задача да им го покажете градот.
За оваа работа, треба да сакате да запознавате нови луѓе, да бидете тимски играч, да знаете како да продадете, да бидете услужливи и одговорни.
За разлика од повеќето огласи за работа во Шведска, овде шведскиот јазик не е потребен. Треба да зборувате англиски, а познавање на шпански, германски, италијански, француски и руски јазик ќе се смета за предност. Треба да го познавате Стокхолм, за на туристите да им ги покажете знаменитостите.
Сезоната трае од мај до септември. Ќе имате полно или скратено работно време.
Ќе добивате основна плата + процент од заработка.
За да аплицирате, можете да ја испратите Вашата апликација и CV на: [email protected]
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска