Една од работите на кои Македонците во Шведска тешко се навикнуваат, е токму шведската кујна. Тоа се должи на несекојдневните комбинации на храна.
Добар дел од шведската кујна се базира на месо, најчесто свинско, говедско, или пак некој дивеч. Она што е интересно, е тоа што ваквите специјалитети се служат со додаток, џем од брусница или бобинки од брусница.
Поради климатските услови и краткото лето, во оваа земја подготвувањето на џем од некакво овошје е традиција, па затоа денес истиот се комбинира со секаква храна, па дури и со месо.
Освен џем, популарен додаток во храната е и киселата зелка.
Традиционалните оброци се многу едноставни, но поради предолгите зими, изобилуваат со маснотии. Шведските ќофтиња, крвавиот или црн пудинг, засолениот дивеч, засолената или чадена харинга, супата од грашок, шведските сарми, палачинките од компири и вафлите, се само дел од специјалитетите на шведската кујна.
Карактеристично е тоа што зачините се користат многу малку. Швеѓаните се познати по тоа што се најголеми консуматори на млеко во светот, а втори по Финска, консуматори на кафе.
Доколку сакате да ги приготвите познатите шветски ќофтиња, следете го совој рецепт:
Ќофтиња:
– 2 лажици путер
– 1/2 главица кромид, ситно исецкана
– една и пол лажичка сол
– 1/4 чаша млеко
– 2 јајца
– 1/3 чаша лебни трошки
– 1 лажичка црн пипер
– 1/4 лажичка ореви
– 1/2 килограм мелено говедско месо
– ½ килограм мелено свинско месо
Сос:
– 2 лажици путер
– 3 лажици брашно
– 3 шолји супа од говедско месо
– ½ чаша павлака
– ½ лажичка шеќер
– сол и црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
Се топат две лажици путер во голема тава на средна топлина. Во неа пржете го кромидот со 1 ½ лажичка сол додека не почне да станува проѕирен, што вообичаено трае околу 6 минути. Откако ќе се испржи, префрлете го кромидот во длабок сад. Додадете млеко, јајца, трошки од леб, црн бибер, сушен зеленчук, и црвен пипер во смесата, мешајте додека се соединат состојките. Додадете го говедското и свинското месо во смесата со лебни трошки. Покријте го садот со фолија и оставете да отстои еден час во фрижидер. Стопете две лажици путер во голема тава на средна топлина, додавајте го брашното со постојано мешање и пржете додека да добие светло кафена боја, 4 до 5 минути. Полека додавајте ја говедската супа во путерот. Зголемете ја топлината до средно висока, со мешање, додадете ја павлаката во смесата и доведете ја до вриење. Потоа се додава шеќерот и Вустершир сосот. Оставете да врие додека да се згусне, околу 6-7 минути. Зачинете со сол и црн бибер и тргнете го сосот од рингла. Загрејте ја рерната на 220˚C. Ставете алуминиумска фолија на хартијата за печење и попрскајте со масло. Со влажни раце се тркалаат 2-3 лажици од мешавината во форма на топче и ќофтињата се редат на хартијата за печење.
Шведските ќофтиња вообичаено се служат со варени компири и џем од капини.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска
Добар апетит!