Aко заминувате во Германија треба да знаете колку часа просечно работи еден Германец

Вработениот Германец во просек  работи по 41 час неделно. 

Постојаните вработени во Германија сè уште работат, во просек, 41 час неделно. Тоа е само околу 25 минути помалку отколку веднаш по обединувањето на двете Германии во 1991 година, објави Федералното биро за статистика на оваа земја, пренесе „Шпигел“. Процентот на вработени лица кои поминуваат повеќе од 48 часа неделно на работа е сè уште сличен, 9,7 проценти. Пред скоро три децении, според тврдењата на Федералното биро за статистика на Германија, бројот на оние што „горат на работа“ бил нешто поголем – 10,3 проценти. Во оваа група најчесто се менаџери и самовработени.Оние кои се ангажирани со скратено работно време, работат по 19,5 часа неделно. Со вкупен удел на флексибилно работно време од 49 проценти, Германија, како што наведува Шпигел, е значително подобра во споредба со просекот на ЕУ од 39 проценти.

За повеќе вакви и слични содржини придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија