Сите знаеме дека Mini-Job во Германија е име за споредна работа, односно работа што можете да ја имате покрај редовната, а ви носи 520 евра месечно. Еве уште 10-тина работи што треба да ги знаете ако размислувате или веќе работите Mini-Job во Германија.
Секој има право да работи Mini Job
Според германските закони, секој работоспособен жител на Германија има право да работи Mini-Job. Кој и каков Mini-job ќе работите одлучувате самите. Постојат ситуации кога вашиот главен работодавач може да ве ограничи или спречи да извршите одреден вид на вработување. Причини може да бидат: ако не можете да го почитувате законскиот период на одмор, работното време или некој вид на судир на интереси помеѓу вашата постојана работа и Mini-Job.
Дали треба да кажам на работа дека имам Minijob?
Државата или Arbeitsamt не пропишуваат таква обврска и никој од нив, вклучително и вашиот работодавец, не можат да откријат дали имате Mini-Job. Во повеќето договори за вработување постои клаузула дека секое Mini-Job вработување мора да биде договорено и одобрено од вашиот работодавец, меѓутоа дали ќе се држите до тоа или не, зависи од вас и ризикот е ваш.
Можам ли да работам повеќе Neben Job работни места?
Да, можете да работите повеќе Mini-Job работни места. Запомнете дека штом вашата месечна плата започне да надминува 520 евра, треба да платите данок на доход. Значи, прашањето е колку сето тоа ќе Ви се исплати.
И кај NebenJob постои минимум
Во 2015 година, минималната плата беше воведена во Германија. Со Mini-Job имате право на минимална плата, односно на час. Ако вашиот работодавец плаќа помалку од тоа, тоа е кршење на законот. Можете да добиете плата пониска од минималната во посебни случаи, ако сте практикант, ако правите Аусбилдунг, ако сте под 18 години и така натаму. Во овие случаи, може да се дозволи исплата на плата што е под минималната саатнина.
Може да заработите повеќе од 520 евра
Дефиницијата за Мini-Јob во Германија вели дека тоа е дополнителна работа преку која можете да заработите 520 евра месечно и дека не мора да плаќате данок на тие 450 евра. Постојат исклучоци кога Finanzamt ќе ви овозможи да заработите повеќе. Овие се, на пример, ако мора да работите подолго поради сезоната, ако поради отсуство на колега, треба да ги преземете неговите задачи и слични краткорочни исклучоци. Во овие случаи, дозволена е поголема месечна плата, сè додека годишната плата не се доближи до 5.400 евра.
Плаќање даноци за Mini-Job -не благодарам
Големата предност на Mini-Job е тоа што не мора да плаќате данок на доход. Тоа е, тој данок е на товар на работодавачот. Законот дури ви дозволува да се ослободите од плаќањата за пензиско осигурување. Дали е тоа паметно или не, е друго прашање. Тие 16-17 евра месечно носат многу повеќе кога ќе се пензионирате.
Ваше право на годишен одмор – дури и со Mini-Job
Многу луѓе веруваат дека оној што работи Mini-Job во Германија нема право на годишен одмор. Тоа не е точно. Секој работник во Германија има право на минимум 24 работни дена годишен одмор годишно. Ова важи и за Mini-Job. Дали можете да ги балансирате вашиот годишен одмор од редовната работа со годишниот одмор од Mini-Job е друга приказна.
13-та плата или божиќен бонус од Mini-Job може да ве чини
Работите Mini-Job и вашиот работодавец ве известува дека ќе добиете божиќен бонус. На прв поглед, одлични вести кои, но кога ќе размислите, можеби не се толку одлични. Доколку овој бонус ви надмине над 5.400 евра годишно, ќе платите данок на доход за целиот износ. Значи, мал божиќен бонус може да ве чини многу данок.
Колку треба да работите за 520 евра?
Дефиниран е максималниот износ на месечна плата од Mini-Job, додека времето не е дефинирано. Ако работите за саатница од 10 евра тогаш треба да работите 52 часа месечно или ако вашата саатница е 52 евра тогаш треба да работите 10 часа месечно.
Како да дадете отказ од Mini-Job во Германија?
Потполно исто како и со редовната работа. Ноншалантно откажување преку порака или телефон не е можно.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.