Веќе почнаа да се случуваат големи промени во општеството, а најновиот пример доаѓа од Белгија. Досега, тоа е само во Брисел, каде што сопствениците на автомобили се охрабруваат да се ослободат од личниот автомобил за значителна награда.
Како и многу иницијативи досега, така и оваа се случува под покровителство на екологијата.
Тоа е дел од програмата „Бриселс ер“, која веќе понуди различни стимулации за граѓаните да не возат низ градот со автомобили.
Имено, иако главниот град на Белгија не е огромен, квалитетот на воздухот е исклучително лош, често полош отколку во најголемите европски метрополи.
Дел од „заслугата“ за лошиот квалитет на воздухот оди и на количеството автомобили во и околу градот.
Затоа секој граѓанин кој ќе реши да се ослободи од автомобилот ќе добие бонус од 900 евра. Притоа, сопствениците имаат две решенија; првата е продажба на автомобилот, а втората е задржување на возило под услов да не биде регистрирано.
Покрај некои предуслови, како што се најмалку две години претходна сопственост на регистрираното возило, властите смислија и попис на имотот. Максимални 900 евра ќе добијат сите кои имаат годишен приход до 37.600 евра, а оние со до 75.100 евра, добиваат 700 евра. Ако некој заработува уште повеќе, наградата е „само“ 500 евра.
Градските власти се надеваат дека оваа иницијатива ќе го намали бројот на автомобили на патиштата, но и ќе ги поттикне луѓето да го користат добро организираниот јавен превоз, како и добро организираните услуги за споделување, без разлика дали се возила, велосипеди или исклучиво електрични автомобили.