Германија ги заострува условите за социјална помош

Германската влада денеска го одобри нацрт-законот за реформа на системот на социјална заштита, со кој значително се заоструваат критериумите за добивање државна помош.

Со стапување на сила на законот, предложен од министерката Бербел Бас, ќе се укине досегашната помош позната како „граѓански доход“, а на нејзино место ќе се воведе таканаречена „основна помош за баратели на работа“, пренесува агенцијата dpa.

Новите правила значително го отежнуваат пристапот до социјална помош за околу 5,5 милиони луѓе кои моментално ја користат. Дел од критериумите веќе предизвикаа тензии меѓу коалициските партнери во владата, конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, најдоброто здравствено осигурување во Германија