Можете ли да добиете отказ додека сте на боледување во Германија ?

Сигурно сте слушнале зборови како „Имам болки во грбот, ме боли глава, под стрес сум, имам проблеми со варењето, имам треска, не се чувствувам добро“

На сите нас понекогаш ни се случува едноставно да не можеме – нешто не боли. Па дури и кога не можеме, повеќето од нас одат на работа од страв да не бидат отпуштени. Не знаеме како ќе реагира работодавачот и не сакаме да ризикуваме.

И јас имав денови кога грбот ме убиваше со денови, и знаете што? Јас сепак одев со болка од страв да не ме отпуштат. Сигурно ќе се согласиме, кога сте на работа и имате болка – тогаш се чини дека времето не минува. Тој ден изгледа како вечност. Дури и пред да стигниме на работа веќе размислуваме да се вратиме во кревет.

Бидејќи сфатив дека не сум единствениот кој се плашел да земе боледување од страв да не ме отпуштат, решив да истражувам и да дознаам сè за тоа:

  • како да земете боледување,
  • колку е платено боледувањето
  • кога имаме право на тоа
  • може да добиеме отказ за време на боледување
  • што да се прави во непредвидливи ситуации

Како да земете боледување во Германија?

Пред се секогаш обидетесе да бидете фер кон вашиот работодавец со тоа што ќе му кажете што побрзо за вашата привремена спреченост за работа. Зошто е ова важно? Од причина што би имало доволно време во рамките на компанијата да се најде замена.

Ако сте болни повеќе од три дена, законот бара да му дадете на вашиот работодавец потврда за болест од лекар (Arbeitsunfähigkeitsbescheinigung). На пример, ако се разболевте во вторник, мора да му донесете на работодавецот потврда од лекар до петок. Исто така, некои работодавци бараат потврда од лекар веднаш на првиот ден, но доколку го сакаат тоа, треба да ве известат при вработувањето.

Лекарот ќе ви даде потврда во три примероци: една за вас, друга за работодавачот и трета за осигурувањето. Бидете сигурни да ги чувате сите ваши потврди што ги имате, во случај да ви бидат потребни.

Ако случајно сте под Arbeitsamt, тогаш треба да им приложите и потврда кога сте на боледување, за да знаат дека не можат да ви побараат работа во тоа време поради вашата привремена неспособност.

Колку ќе ви биди платено боледувањето ?

Да бидеме јасни, нема максимално времетраење на боледувањето.

Според германските закони, ако сте вработени повеќе од 4 месеци, имате право на 100% платено боледување за период од 6 недели.

Сепак, треба да знаете дека тие 6 недели важат за една болест во рок од една година. На пример, ако имате треска и ви требаат 10 дена да се опоравите и да ја скршите ногата по неколку месеци од тоа – не се смета како заедничко боледување, но имате одделно 6 недели за секоја болест!

Ако вашето боледување трае подолго од 6 недели, тогаш исплатата на вашето боледување ја презема германското здравствено осигурување. Во тој случај, ќе добиете 70% од вашиот бруто приход (во исто време, плаќате помалку на пензиското осигурување). Тие пари се осигурани дури 78 недели во рок од 3 години за истата болест.

Може ли да бидете отпуштени поради боледување?

Прашањето над сите прашања, а не е кој е постар, кокошката или јајцето. Можеме ли да добиеме отказ за боледување?

Дефинитивно не!

Значи, следниот пат кога ќе добиете треска и не знаете каде ви е главата, во ред е да земете боледување и да останете дома. Не треба да се плаши од отпуштање бидејќи сте заштитени со германскиот закон. Секое човечко суштество заслужува одмор кога телото веќе не може и државата го разбира тоа!

Сепак, постојат само два специфични случаи кога работодавачот може да ве отпушти:

  • Ја лажиравте вашата болест
  • Поради долгорочно заболување, веќе не можете да придонесувате во компанијата. 

Се разбира, многу е тешко законски да се докаже едно од овие две тврдења, особено затоа што судот во Германија е повеќе во корист на работниците отколку на работодавците во такви ситуации.

Што ако ве отпуштат во секој случај, а работодавачот не смее да го стори тоа? Можете да го пријавите во рок од 3 недели откако ќе бидете отпуштен и тој ќе биде гонет. Осигурувањето наречено Rechtschutzversicherung ве заштитува од вакви ситуации во секоја прилика!

Што ако се разболите за време на годишен одмор?

Ова е ноќна мора за сите нас.

Целиот година го чекаме тој одмор. Работевме напорно и сега конечно е време за малку одмор и уживање. И тогаш од ведро небо – се разболуваме. Такво сценарио за нас е всушност како крај на светот. Сепак, не треба сè да биде толку црно!

Ако се разболите на одмор, можете да ги откажете тие денови и на тој начин да си го зачувате одморот.

Како да го зачувате годишниот одмор во тој случај? Многу едноставно. Вие само треба да земете потврда за болест од лекарот и да ја предадете на работодавецот.

Ако сте надвор од Германија за време на вашиот одмор, обидете се да му нагласите на лекарот кај што одите дека мора јасно да укаже дека не сте способни да работите поради болест. Вашата потврда можете да ја испратите до работодавецот преку Whatsapp, Viber или Е-пошта.

Најчести причини за боледување

Многу од нашите имаат големи здравствени проблеми поради видот на работата што ја работат. Тешкотиите можат да бидат физички и ментални.

Од лично искуство знам колку физичка работа може да предизвика оптоварување на ‘рбетот за време на работата. Но, не само физичките работници имаат болки во грбот, имам и пријател чиј рбет беше сериозно повреден поради работа цел ден во канцеларијата. Затоа, не е изненадување што болката во грбот е една од најчестите причини зошто некое лице зема боледување или треба да го земе.

Кај луѓето кои работат како доставувачи или физички работници на градилиште, нивниот грб е постојано оптоварен. Од таа причина, кога чувствувате болка во грбот, не заборавајте да направите пауза неколку дена. Ако не го поштедите грбот, може да се појават хронични проблеми и потреба од операции што ќе ве направат трајно неспособни за работа.

Друга честа причина за боледување е стресот. Во исклучително тешки работни услови и под постојан притисок од претпоставените, едно лице лесно може да се најде под тешка состојба на стрес.

Многу ми е жал што ги гледам нашите луѓе кои работат под постојан притисок и не знаат дека можат да „одморат“ неколку дена. Ова е особено точно во случаи на некои животни трагедии, кога стресот е крајно изразен и кога последното нешто што треба да го направиме тогаш е да одиме на работа.

Пазете се од стресни ситуации, и ако понекогаш не можете да се справите со нив, многу ќе ви помогне да побарате од вашиот лекар неколку дена боледување.

Што ако вашето дете се разболи?

Кој е родител знае колку е тешко да го гледате болно вашето дете – тоа веднаш ве повредува и вас. Работата е уште полоша ако треба да одите на работа и не знаете кој ќе се грижи за детето.

Но, дали знаевте дека ако вашето дете се разболи и не може да оди во градинка или училиште, можете да останете дома?!

Според законот, имате 10 дена боледување за секое дете под 12-годишна возраст. Важно е само да добиете потврда од педијатар што можете да му ја доставите на работодавецот.

Што ако нашиот родител се разболи?

Нема полоша ситуација од оваа! Родителот е долу во татковината, и не можете лесно да го подетите. Чувството е полошо ако има некоја неизлечива болест и нема да биде таму долго време.

Во такви случаи имаме право на Pflegezeitgesetz. Што е тоа? Тоа е всушност закон кој ја регулира грижата за најблиските. Според законот, секое лице има право на неплатено боледување до 10 работни дена за да се грижи за своите најблиски.

Ако случајно вашата компанија има над 15 вработени, тогаш имате право да земете до 6 месеци неплатено боледување за таа намена. Важно е да ја известите компанијата 10 работни дена однапред. Во овој случај, работодавачот не може да ве отпушти.

Ова е секако големо олеснување, ако не дај Боже, да се случи некој од нашите да има неизлечива болест, барем во тој случај да не се грижиме како да отсуствуваме од работа.

Заклучок

Сигурно ја знаете поговорката: „Здравиот човек има илјада желби, а болниот – само една“. Да се ​​грижиме за здравјето на нас самите и на своите најблиски затоа што тоа е сè!

Се надевам дека научивте нешто. Следниот пат ако сте болни, земете боледување и одморете го телото бидејќи работата нема да ви избега.

Германскиот закон тука е јасен и ве штити од ситуации кога може да бидете отпуштени поради боледување. Па уште еднаш повторувам: Кога не можете заштитете се земајќи боледување и давајќи си време за да можете да продолжите да работите.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО