Дознајте сѐ за сезонската работа во Финска

Поради големата заинтересираност за сезонска работа во Финска, во прилог објавуваме статија за личните искуства на еден млад брачен пар од Србија кои таму работеле минатото лето.

„Што се однесува до нашето работно искуство во Финска, можам да ви кажам дека сме презадоволни – како од работата, така и од државата и работодавачите. За работа аплициравме преку еден од веб сајтовите кон крајот на јануари, а после неколку дена добивме повратен одговор од работодавачот дека ќе биде разгледана нашата апликација.

Во мејлот го прашавме работодавачот дали ако ја добиеме работата можеме да останеме неколку месеци, бидејќи сепак доаѓаме од далеку и нема да ни се исплатат трошоците за превоз. Одговорот беше дека добивме работа за 3 месеци.

Кон средината на март, добивме и т.н. покана во која ги имаше нашите лични податоци, податоци за самата фирма и потпис од работодавачот. Ова ни беше потребен документ, бидејќи на гранична контрола задолжително прашуваат која е причината за нашиот влез во Финска.

На сите што ќе одат на сезонска работа во Финска, им препорачуваме да земат меѓународно осигурување, бидејќи осигурувањето кое таму го добивате важи само за време на работните часови.

Пред поаѓањето спакувавме се што би ни било потребно – од лекови, чизми, топла облека, прибор за лична хигиена, бидејќи тоа е особено скапо во Финска како за наш стандард. Најважно е да понесете штитници за колена, бидејќи без нив е многу тешко да работите, со оглед на тоа дека работата е таква. Исто така задолжително понесете чизми и кабаница. Ние на фармата бевме од почетокот на мај, па добро би било да земете и пототпла облека.

По пристигнувањето во Финска, на железничката станица нѐ пречека работодавецот, кој прво нѐ однесе во еден супермаркет, за да купиме сѐ што ни треба. Собите каде што бевме сместени беа многу пристојни со одлично греење, секогаш имаше топла вода за бањање, а кујната беше целосно опремена. Собите се делат на машки и женски, без исклучок. Кујната е заедничка, како и тоалетот. Хигиената се одржува на високо ниво, за што му бевме должни на работодавачот, па на крајот сите организирано му плативме за тоа. Исто така имавме и сауна, која за жал после некое време не можевме да ја користиме бидејќи еден од работниците ја оштети.

Работодавачот имаше вработено работници од Украина, Русија, Литванија, а за прв пат и од Србија. Сепак, во собите бевме поделени според тоа од каде доаѓаме, никогаш немаше мешање. Фармата имаше околу 150 работници и бев изненадена колку добро беше организирана целата работа. Имаше супервизори кои ја надгледуваа работата.

Работодавачите се добри, коректни, сакаат работа и дисциплина. За време на пролетните месеци, викендот ни беше слободен. Но, во летната сезона има повеќе работа, па тогаш само сабота ни беше слободен ден. Со работодавците можете да зборувате за сѐ што ви пречи, бидејќи се многу коректни и ја ценат нашата работа. Предност е ако знаете англиски, бидејќи сите го зборуваат.

Што се однесува до заработката – и од тоа сме задоволни. Минатата година во Финска е донесен закон со кој заработката на сезонските работници не се оданочува 41%, туку само 6% за здравствено и социјално осигурување, што е одлично. Секако, потребно ви е да ја доставите потребната документација од вашата држава, за да ве оданочат на 6%. За тоа може да ви помогне работодавачот и да ве упати.

Плаќањето оди како плата по час и плата за учинок. Платата за час се однесува на корнење трева, пресадување на садници кои не успеале, а платата по учинок се однесува на садење и берење јагоди. Висината на платата се разликува – на почетокот беше 7,24 евра, после еден месец 7,34 евра, а на крајот 8,16 евра на час. Платата по учинок изнесува 5 центи по засадена јагода, а колку ќе насадиме зависи од нашата физичка способност и мотивација. Во првите четири дена садевме по 600 до 700 јагоди, но подоцна таа бројка стана 900, па 1200, за на крајот да садиме околу 1700 јагоди дневно. Цената за берење исто така варира, но не паѓа под 2,20 евра за корпа, во која собира околу 3 килограми. Цената на малините се движи од 2,70 до 3 евра за еден килограм, затоа што малините се понежни и побавно се берат. Ние беревме од 12 до 28 корпи дневно, во зависност од родот.

Инаку, престојувавме на фарма која беше околу 10 километри одалечена од најблиското населено место. Сите работници сами се организиравме за превоз, за да купуваме потребни намирници. Работодавачот никогаш не ни правеше проблем да земеме возило, за што сами плаќавме гориво. Цените во маркетите се солидни, но после некое време научивме да ги следиме акциите во продавниците, па беше полесно.

Природата во Финска е прекрасна. Ние бевме сместени покрај езеро каде што се бањавме кога имавме слободно време. Во текот на јули времето беше сончево и топло, па имавме чувство дека сме покрај море. Ова ни беше совршена прилика да се одмориме физички, но и психички. Бевме опкружени со прекрасна природа, одевме во сауна, имавме одбојкарски терен, па ни беше забавно.

Она што ви го препорачувам пред да заминете е да бидете спремни на тешка физичка работа. Берењето јагоди не е лесно, ќе работите на сонце, на дожд и секакви други временски неприлики. На почетокот ни беше тешко – ладна клима, нови луѓе, бели ноќи, раздвоеност во две различни соби… Но, веќе после 2-3 недели се навикнавме. Мојот сопруг ослабе 14 килограми, а јас нажалост само 2.

Инаку, убаво е да створите коректен однос со работодавачот, бидејќи за сѐ што ќе ви треба, ќе се консултирате со него. Ако се разболете, тогаш кажете му и веднаш ќе добиете слободен ден.
Генерално и јас и мојот сопруг сме презадоволни. Финска е прекрасна земја, а Финците се пријателски расположен народ, барем оние кои ние ги запознавме.“

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија