Австрија ќе ја затвори границата кон Италија со ограда од 400 метри

Австрија ги прави подготовките за изградба на ограда долга 400 метри на граничниот премин Бренер, која ќе биде подигната во месец мај ако Италија не соработува во однос на прашањето за мигрантската криза. Шефот на полицијата во Тирол, Хелмут Томац, ја даде оваа изјава на прес-конференцијата на 27 април, велејќи дека подигнувањето на ограта ќе зависи само од „соработката на Италијанците“.

Граничниот премин Бренер помеѓу Италија и Австрија, стана централна точка во повеќекратната тврдокорна политика на Австрија кон мигрантите. Веќе неколку недели кружеа гласини дека Австрија планира да подигне ограда на овој премин, а сега ова беше потврдено и од австриската полиција. Томац изјави дека ќе ги надгледува градежните работи на Бренер, потенцирајќи дека сообраќајот ќе се одвива во нормален тек, без застој на автомобилите и другите возила.

Австрија во февруари веќе подигна ограда на јужната граница кон Словенија, во близина на градот Шпилфелд. Оваа ограда е долга 370 метри. Новиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка, потврди дека на јужната граница континуирано има гранични контроли, а истите ќе се воведат и на границата со Италија кон крајот на мај, доколку Италијанците не преземат мерки за поголема безбедност.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија