Ако поминале 10 години, не плаќајте ги сметките на извршителите

Ако ве бараат извршители можете да се повикате на законот

Законот за извршување и на Законот за облигациони односи треба да се стави крај на огромните каматни стапки, а измените веќе се усвоени и објавени во „Службен весник“. Но и извршителите  измените треба да ги почитуваат, иако постојано се јавуваат граѓани кои се жалат дека има отпор кај некои извршители во  примена на новите законски измени.

Измените на овој закон треба да им донесат бенефит на граѓаните кои имаат застарени комунални сметки, како што се за вода, струја, парно, како банките. Граѓани досега за долг од 1.000 денари враќале и до пет пати поголем износ, а сега со новите законски измени, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг.

Овој закон е ретроактивен. Има и апсолутна застареност од 10 години од денот на извршното решение, односно престанува наплатата на тој долгот и ако е започната постапката. Ова важи и за започнатите предмети, а се поминати неколку години, исто така застарува – вели еден од предлагачите на законот и дообјаснува дека пет години застареност е од кога е донесена судска одлука и се поминати пет години, па ако шестата година доаѓа кај извршител, тој долг е застарен.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија