Ако пушите во автомобил во Германија 3000 евра казна

Се зависи со кого сте во возилото, но доколку возите деца или трудници тогаш може да бидете казнети

Сигурно многу ве нервира сликата на возач кој додека управува ја држи цигарата во рака, и потоа истата ја фрла можеби низ прозор. Во многу европски земји е забрането пушење во затворени простории, но во приватно возило може слободно да прави што сака. Сепак, тоа наскоро ќе се промени, бидејќи германските власти планираат да воведат мерки за заштита на патниците од несакани здравствени ризици.

Според германски 24auto.de, Советот на Северна Рајна Вестфалија во Бремен и Хамбург иницирал измена на ставовите 1, 2 и 5 од Федералниот закон за заштита од пушење. Ова би ги спречило возачите да пушат во своите возила во присуство на бремени жени или малолетници. Забраната не важи за луѓе кои возат сами.

Идејата зад промената на законот е бидејќи патниците не можат доброволно да избегаат од чадот. Отворањето прозорец исто така не е доволно – единствениот начин да се извлечете од казната е да возите со целосно отворено возило, значи да бидете во кабриолет. Фатените за прекршоците ќе платат казни од 500 до 3.000 евра.

Истражувањето на лекарите покажува дека 166.000 деца ширум светот се жртви на „пасивно пушење“. Според германскиот центар за истражување на ракот (DKFZ), концентрацијата на чад во возилото е и до пет пати поголема отколку во просечниот зачаден бар. Лекарите се категорични дека повеќе од милион малолетници во Германија во моментов се изложени на чад од тутун во автомобилите.

Предлог-законот допрва треба да биде доставен до германскиот сојузен парламент, кој ќе одлучи дали ќе го прифати предлогот или не. Германија веќе еднаш се обиде да го забрани пушењето во возила во 2019 година, но не успеа. Доколку успее овој пат, Германија ќе им се придружи на земјите како Британија, кои во 2015 година го забранија пушењето во возила во слични околности.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија