Асоцијацијата Рефрама го промовира македонскиот јазик во Швајцарија

Како и што беше претходно најавено, по иницијатива на Унијата на македонски училишта во Швајцарија, во местото Блоне, се одржа срдечен и пријатен настан за промовирање на наставата по македонски јазик и култура .

Стотина вљубеници со жар и љубов кон својата татковина , пропратени со убавата песна во изведба на најмалите, ни доловија пријатни позитивни моменти на доживување и носталгичност.

Пораката недвосмислено допре до родителите во околните места, да ги запишуваат децата во македонските училишта и така континуирано да се продолжи со негување на македонските корени и традиции.

Важно е да се напомене дека и покрај фактот што живеат неколку илјадници нашинци во тој дел во Швајцарија, сепак бројот на учениците и отворените паралелки не е на завидно ниво.

Чекор напред е постигнато, по тригодишно затишје , со доаѓањето на новата наставничка која активно ќе се ангажира во реализација на поставената цел.

Да учиме македонски!

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија