Важи ли мојата возачка дозвола во Германија?

Дали мојата возачка дозвола важи во Германија?

Ако имате ЕУ пасош и ЕУ возачка дозвола, тогаш не треба да се грижите за возачката дозвола, бидејќи важи и во Германија.

Единствено за што треба да се грижите е како да ја замените кога ќе и истече рокот на важност. Бидејќи постои универзална германска возачка дозвола низ Европската унија од 2013 година, според bußgeldkatalog, можете да ја обновите возачката дозвола во Германија во Führerscheinstelle.

Ако сакате на воја рака да ја замените вашата ЕУ возачката дозвола ​​со германска, можете да аплицирате за промена. Потребна е биометриска слика за замена на возачката дозвола. Возачка дозвола ќе ја чекате околу еден месец, а дотогаш имате картичка со која возите само во Германија.

Ако доаѓате од земји кои не се членки на ЕУ, односно Македонија, Србија, БиХ итн, тогаш вашата возачка дозвола важи само 6 месеци и мора да ја замените со германска возачка дозвола. Не си играјте со тоа, затоа што можете да бидете казнети.

На Македонија и Србија им се признаени сите категории. Босна во моментов има заеднички договор само за категориите А, А1 и Б. Листата на земји може да се најде овде.

Како да добиете германска возачка дозвола?

За успешна замена на возачката дозвола за германска, мора да ги поминете овие 3 чекори:

1. Закажете термин во Führerscheinstelle

За да добиете германска возачка дозвола, мора лично да се регистрирате во одделот за сообраќај (Straßenverkehrsamt) или во Führerscheinstelle во градот каде што сте регистрирани.

Тука ќе ви дадам линкови од три градови каде има најмногу македонци:

Термин можете да закажете преку интернет или по телефон.

За да замените возачка дозвола што не е ЕУ / ЕАА за германска, мора да закажете термин за „Umschreiben eines ausländischen Führerscheins (Drittstaaten)“.

2. Соберете ги сите потребни документи за да ја замените возачката дозвола во Германска

  • Биометриска фотографија, 35 x 45 mm
  • вашата моментална возачка дозвола
  • заверен и признат превод на вашата возачка дозвола
  • пасош
  • Пријава на адреса

3. Одете во институција и променете ја возачката дозвола

Однесете ги документите, предајте ги во канцеларија и готово! Целиот процес трае 2 до 4 недели (во зависност од тоа во кој град сте).

Дали можам да возам автомобил регистриран во друга земја?

Да можете. Но, само 6 месеци. И лично, јас не би играл со тоа, бидејќи кој знае дали вашата полиса за осигурување ќе ја покрие штетата што би се случила во Германија.

Заклучок

Процесот на замена на возачката дозвола е многу едноставен, важно е само да го направите тоа на време.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија