Виена го има најдобриот аеродром во Европа

Престижното признание на „Airport Council International (ACI)“ годинава го доби виенскиот аеродром „Швехат“ кој беше прогласен за најдобар во Европа. Благодарение на задоволството на патниците, одличните услуги кои годишно ги користат од 15 до 25 милиони патници, како и коректниот однос кон своите 20.000 вработени, овој аеродром годинава се најде на првото место во конкуренција од 300 аеродроми во 84 земји во светот.

Директорка на асоцијацијата, Ангела Гитенс, ја врачи наградата на управата на виенскиот аеродром, а на доделувањето присуствуваа градоначалникот на Виена, Михаел Хаупл, и бројни претставници на деловните партнери, институции и авиокомпании.

Виенскиот аеродром спаѓа во 30-те најголеми аеродроми во светот. Минатата година овој аеродром ги пушти во употреба првите соларни системи кои со производство на еколошка енергија го намалуваат емитувањето на штетните CO2 гасови.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија