Ви се случува ли да не може да се сетите на зборот, што ви е на врв на јазик?

Она фрустрирачко чувство кога нешто ви е на врвот на јазикот, сега има медицински назив – се нарекува летологија. Психолозите овој феномен го дефинираат како чувство, пропратено со неспособност за пронаоѓање на соодветна информација во сеќавањето.

Дури и кога го знаеме одговорот на прашањето, ни се чини дека ни е потребна информација која е надвор од менталниот досег. Ова чувство може да биде фрустрирачко, но е корисно за психолозите, бидејќи преку него можат да ги анализираат различните аспекти на памтењето.

Неколку занимливости кои научниците ги откриле за летологијата:

Феноменот „на врвот на јазикот“ е универзален – околу 90 % од говорниците на различни јазици од целиот свет, сведочат за моментите во кои информациите од сеќавањето им биле недостапни, пишува Вечерни Лист.

Овие моменти често се појавуваат, а со текот на стареењето се повеќе се застапени. На младите луѓе, во просек еднаш месечно им се случува да не можат да се сетат на некој одговор, додека постарите луѓе, еднаш дневно очајнички се обидуваат да се сетат на тоа што го знаеле.

Сеќавањата кај луѓето, често се половични, па знаат со која буква почнува зборот или колку букви содржи.

Зошто ова се случува?

Научниците веруваат дека бројни фактори играат улога, но точните процеси не се сѐ уште јасни. На пример, најверојатно е нешто да ви биде „на врв на јазикот“, кога сте уморни или кога се присутни некои надворешни фактори, кои го попречуваат мисловниот процес.

Метаконгнитивните (метакгнитивност е аспект на спознавање, кој го контролира менталниот процес и размислувањето), објаснувања на овој феномен укажуваат дека ни служи како вид на аларм. Како сијаличките за предупредување во вашиот автомобил, може да ве предупреди при појавување на проблем, кој треба да се реши.

Доколку ваквото искуство ви се случува пред испит или презентација, тогаш треба добро да го проучите материјалот, што треба да го полагате или презентирате, за да го зациментирате цврсто во памтењето.

Дали може да се спречи?

Истражувањето на 30 испитаници, направено е на начин што на испитаниците им биле понудени прашања, на кои го знаеле одговорот, не го знаат одговорот или одговорот им е “на врвот од јазикот“. Кај третата категорија на одговори, испитаниците биле поделени случајно во групи и имале на располагање, од 10 до 30 секунди за одговор. Истата постапка ја повториле два дена подоцна.

Резултатите покажале дека што повеќе време трошиме за да се сетиме на одговорот, поголема е веројатноста, дека ќе поминеме низ истиот процес, следниот пат кога ќе го слушнеме истото прашање. Додатното време, кое луѓето го поминуваат за да се сетат на одговорот, научниците го опишуваат како „погрешна пракса“, бидејќи наместо да го научат точниот збор, тие ја повторуваат истата грешка.

Научниците велат дека повторувањето на овој феномен е последица на имплицитно учење, што подразбира учење на сложените информации, случајно, без свесно учење.

Што советуваат експертите?

Ова истражување има големо значење за учениците и наставниците. Кога, во текот на учењето не можеме да се сетиме на информација, за која сме сигурно дека ја имаме усвоено, подобро е повторно да го побараме точниот одговор, отколку да губиме време за да се сетите. Наставниците мора да знаат, дека за нивните ученици, покорисно е да ги потсетат на точниот одговор, отколку да ги остават да се измачуваат, барајќи го одговорот во нивните глави.

Најдобар начин за ја надминете појавата на феноменот во иднина, е да го повторувате зборот на кој не можете да се сетите, во себе или на глас. Ваквиот пристап ќе помогне во креирање нови нивоа на памтење, кои ќе ги поништат негативните последици, од претходната постапка. Ако ви се случило, да на бараниот збор, изненадено сте се сетиле, во момент кога не сте се ни обидувале, знајте дека сте доживеале спонтано ослободување од летологијата.

Утешен збор

Колку и да ве вознемирува феноменот на летологијата, не мора тоа да значи дека имате тешкотија со памтењето. Се работи за честа појава, која е извор на фрустрација, особено ако ви се случи, во моментот кога полагате важен испит.

Научниците тврдат дека се работи за феномен, кој е мултидимензионален и поврзан со разни причини. Која и да е причината, држете се до нивните совети и следниот пат, кога нешто ќе ви биде „на врв на јазикот“, не се обидувајте под секоја цена да се потсетите на одговорот, туку едноставно побарајте го изворот на информацијата. Ваквиот пристап ќе ви овозможи да се сетите на информацијата, следниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија