Внимавајте! Автопатиштата во Германија се распаѓаат

Топлотниот бран кој ја зафати Европа ги испрати Германците на море, но екстремните температури предизвикаа распаѓање на германските автопатишта.

Поради опасноста на состојбата, Министерството за транспорт формира тим кој е постојано на терен во ризичните делови на земјата. Тежината на камионите може да предизвика пукнатини во асфалтот, кои потоа претставуваат особена опасност за мотоциклите.
germanija-patista germanija-patista2
Минатиот четврток дел од автопатот во Баден-Виртемберг беше исклучен за сообраќај, а германското автомобилско здружение (ADAC) предупреди дека опасност од ова постои и во областа околу Берлин.

Министерството за транспорт веќе воведе поголеми ограничувања на брзината на ваквите автопатишта, како што се A3 до Регенсбург.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија