Кои се дефицитарни професии во Шведска?

Заводот за миграција во Шведска (Migrationsverket) објави официјална листа на барани професии, со цел да привлече образован и квалитетен кадар во оваа високоразвиена држава.

Листата се однесува на дефицитарни кадри во здравството, градежништвото, образованието, како и угостителството.

Доколку работодавачот во Шведска го повика кандидатот на разговор за работа за едно од бараните занимања, барањето за работна дозвола кандидатот може да го поднесе од Шведска наместо да се враќа назад во државата во која живее.

За да ја видите целосната листа, кликнете тука.

Заводот за миграција ваква листа објавува два пати годишно, бидејќи состојбата на пазарот на труд се менува. Но, генерално Шведска најмногу има потреба од работници во здравството и ИТ секторот.

Повеќе информации можете да најдете на официјалниот сајт на Заводот за миграција, а за да прочитате информации околу процедурата за добивање работна дозвола во Шведска, клинете тука.

Во прилог објавуваме и неколку сајтови каде можете да најдете огласи за работа во оваа држава:

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска