Турчин во Минхен отвори ресторан за сиромашните

Пораката што 45-годишниот Мехмет ја постави на вратата на неговиот турски ресторан во Минхен, ги воодушеви жителите на оовј германски град, но и на цела Германија.

Имено, Мехмет, кого повеќето го викаат Мемо, на вратата на ресторанот ја истакнал следнава порака: „Почитувани луѓе, ако сте гладни и немате пари, кај нас може да јадите и подоцна да платите, кога ќе имате можност за тоа. Бог да ве благослови. Никој не треба да биде гладен!“.

Мехмет е поранешен бизнисмен од Истанбул. По два неуспешни брака и банкрот, тој станал толку сиромав што бил принуден да им ги зема парите на децата.

mehmed

Кога стигнал во Германија решил да отвори мал ресторан во Минхен. Полека почнала да му се враќа желбата за живот, а работата почнала да оди по нагорна линија.

Кога финансиски зајакнал, Мемо направил нешто што ретко кој може да го стори. Имајќи предвид дека добро знае што значи да немаш ништо, решил да овозможи оброк на одложено плаќање за оние што во моментот немаат пари.

Реакциите за овој негов гест се бројни. Луѓе често доаѓаат во ресторанот и јадат, а дури подоцна плаќаат. Но, илјадници луѓе доаѓаат во ресторанот само за да му честитаат на овој негов посебен гест.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија