Внимателно на патиштата во Франција

Heavy traffic jam on A69 Highway during an August public holiday, Talence, Bordeaux, France.

Топлотниот бран кој ја зафати Франција, беше причина за рекордните температури во северниот дел од оваа земја. Во Париз, живата на термометарот се искачи до 39,7 степени Целзиусови. Ова е највисока температура која ја доживеала француската престолнина од 1947 година.

Високите температури и традиционалниот почеток на летните одмори, направи проблеми на автопатиштата во Франција. Националниот совет за безбедност на патиштата во Франција предупредува дека главниот проблем ќе биде во регионот околу Париз, бидејќи жителите на главниот град очајно се обидуваат да избегаат од жештините, особено за време на викендите.

На возачите им се препорачува за да ги избегнуваат патишта надвор од Париз, а доколку сакаат да излезат од градот, тоа да го сторат после 20:00 часот. За време на викендите, пожелно е да се избегнуваат A10 автопатиштата, A13, A6, A7, и А61 од 10:00-15:00 часот, а патиштата A63, A8 и A9 од 10:00-13:00 часот.

Освен очекуваниот сообраќаен метеж на патиштата, со истиот проблем се соочуваат и железниците. Топлотниот бран и одложувањата на возовите, предизвика хаос на француските железници. Француската национална железничка компанија предупреди дека распоредот на возови ќе продолжи да биде нередовен, бидејќи поради топлото време, возовите се принудени да одат побавно.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија