Во тек е аплицирањето за зелена карта за САД

Во тек е онлајн регистрацијата за Лотаријата за зелена карта за 2023 година, објавија од Стејт департментот. Аплицирањето ќе заврши на 9 ноември.

Единствениот начин за аплицирање е на следниот линк: https://dvprogram.state.gov/

По завршувањето на апликацијата ќе добиете потврда со единствен број кој треба да се чува. Со овој број потоа се проверува статусот на апликацијата.

Аплицирањето за лотаријата е бесплатно. Со среќа!

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија