Германија става крај на бесплатните тестирања за Ковид-19 за да ја промовира вакцинацијата

Тестирањата за Ковид-19 кои не се од медицински причини не се повеќе бесплатни во Германија, објавија властите денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Германското Министерство за здравство преку Твитер соопшти дека престанале да ги субвенционираат бесплатните антигенски тестови за детекција на присуството на коронавирусот, бидејќи на сите граѓани сега им е понудена можноста да се вакцинираат против Ковид-19.

Од 11 октомври, брзите антигенски тестови ќе им бидат понудени само на оние што не можат да се вакцинираат поради здравствени причини, како и на бремените жени и децата на возраст под 12 години.

Во повеќето федерални покраини, луѓето доколку немаат потврда за вакцинација или за прележан Ковид-19 ќе мора да приложат негативен резултат од тест за влез во ресторани, кина, концертни сали и затворен спортски простор.

Иако Министерството за здравство соопшти дека покрај тоа што ќе се наплаќаат брзите антигенски тестови за невакцинираните лица, од друга страна нагласи дека секое лице што ќе покаже симптоми на вирусот или е во близок контакт со лице позитивно на Ковид-19 ќе добие бесплатен ПЦР-тест.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија