Германија го олеснува процесот за добивање државјанство

Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство. 

Kaко што објасни германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер  наместо со осум, државјанство ќе може да се побара по пет односно три години легален престој.

„Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години“, изјави таа.

Под успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата.

Деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија. Ова е добра вест за многу Балканци кои планираат да останат во Германија. Според податоци над Евростат, над 100.000 Македонци живеат во Германија. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија