ГЕРМАНИЈА: Како да се оствари правото на субвенција од 180 евра по дете?

Родителите кои примаат граѓански додаток (германски: Bürgergeld) во Германија можат да добијат субвенција од Заводот за вработување за членство на нивните деца во разни здруженија или клубови.

Децата на корисници на граѓански додаток имаат право на финансиска поддршка за поминување на слободното време. Покрај стандардниот граѓански додаток за деца, можно е да се добијат и субвенции за членство во спортски клуб, музичко училиште или некоја друга дејност.

Корисниците на граѓански додаток можат да побараат дополнителни субвенции за своите деца во Заводот за вработување. Ова важи и за родителите кои примаат детски додаток.

Децата до 18 години можат да добијат субвенција од 15 евра месечно за спортски, рекреативни или културни активности.

Вкупниот износ на субвенција годишно е 180 евра. Субвенцијата се исплаќа паушално, без разлика на реалните трошоци.

Кои барања треба да се исполнат?

За да се добиe треба да се исполнат следниве услови:

Детето е под 18 години.

Родителите или самохран родител добиваат граѓански додаток или детски додаток.

Детето редовно учествува во некоја слободна активност.

Како да аплицирате за субвенција?

Барањето за субвенционирање на рекреативни активности се поднесува до Заводот за вработување. Барањето може да се направи онлајн, по е-маил, по пошта или лично.

Други субвенции за децата

Покрај субвенцијата за спортски клубови, има и други субвенции за децата на корисници на граѓански додаток.

Дополнителни субвенции вклучуваат:

Едукативен пакет: Едукативниот пакет вклучува училишен прибор, платен ручек во училиште и градинка и учество во бесплатни активности.

Надоместоци за градинка: Родителите можат да добијат субвенција за трошоците за градинка за деца под три години.

Детски додаток: Детскиот додаток се плаќа без оглед на приходот на родителите.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија