Германија постепено ќе ја зголемува минималната часовна плата на 14,60 евра до 2027 година, според предлозите на владината комисија.
Прочитајте: Работа во Германија на англиски јазик – како да најдете, колку е платенo и кој има шанса
Планирано е минималната плата да се зголеми на 13,90 евра на час на почетокот на 2026 година.
Од минатата година, Германија има највисока минимална плата во ЕУ, по Луксембург, кој пропишува месечен минимум од 2.638 евра.
Прочитајте: Животот во Германија: 9 работи што може да ве изненадат
Три други земји од ЕУ имаат национална минимална плата над 2.000 евра месечно – Белгија, Холандија и Ирска.
Овој предлог на комисијата, која е составена од работодавачи и претставници на синдикатите, мора да го спроведе германското Министерство за труд.

