Германските аеродроми мака мачат со наоѓање персонал

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг (Либерално-демократската партија ФДП) укажа на проблемот со недостаток на кадар во туристичката и транспортната индустрија за време на сезоната на годишни одмори, според извештаите на медиумите во Германија.

„Два аспекти негативно влијаат на ситуацијата овде: големиот број луѓе кои конечно сакаат да одат на одмор по пандемијата, и истовремениот недостиг на кадар во туристичката и транспортната индустрија, кој изгуби голем број вработени во последните години“, изјави Висинг за Bild am Sonntag.

Недостигот од персонал е особено видлив во воздушниот транспорт, каде што во пресрет на годишните одмори има огромни гужви и метеж на германските аеродроми.

„Едноставно недостасува персонал во сите сектори: од контрола на патниците, преку товарење на багаж до персонал во кабината“, рече Висинг.

Тој објасни дека многумина во индустријата барале други работни места за време на пандемиската криза.

Висинг зборува за 20 отсто помалку работници во споредба со времето пред пандемијата на коронавирус.

Висинг повика на покренување иницијатива за стекнување на квалификувана работна сила и модернизација на инфраструктурата.

Синдикатите на аеродромци проценуваат дека моменталниот недостиг од околу 5.500 работници.

Проблемот е, како што се наведува, што поради долготрајни безбедносни проверки на работниците вработени на аеродромите, не може за краток временски период да се вработат поголем број работници.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија