Се грижите ли за финансиска стабилност, кога ќе се пензионирате? Веројатно би биле посигурни ако живеевте во Северна Европа. Барем тоа го покажува извештај кој ја рангира финансиската стабилност на пензионерите во 150 земји низ целиот свет.
Швајцарија, Норвешка и Шведска беа меѓу 10-те земји за повеќето за сигурно пензионирање. САД се на 19-то место трета година по ред, зад Чешка, Јапонија и Франција во Светскиот индекс за пензионирање Natixis.
Истражувањето е објавено од Natixis Global Asset Management и ги користи податоците на Светската банка, Светската здравствена организација и други организации. Тоа ги подредува земјите според критериумите како пристап до здравствената заштита, траењето на животот, невработеноста, еднаквоста на доход, даночниот товар, приносото од заштеди и квалитет на животот, вклучувајќи и дали земјата обезбедува “безбедна, чиста средина за живот”, пишува во извештајот.
10. Нов Зеланд
Место во 2014 година : 9
Нов Зеланд е едвај една од двете земји во топ 10, кои не се во Северна Европа. Силното нејзино претставување во индексот за безбедност се должи делумно на нејзината програма KiwiSaver за заштеда на пари за време на активната работа. Таа промовира работниците да планираат и да штедат за иднината. Силната економија, ниската инфлација, подобрувачката еднаквост на приходите и силниот здравствен систем исто така и помагаат на земјата.
9. Германија
Место во 2014 година : 7
Осум од првите 10 земји во Северна Европа се благодарение на богатите економии во регионот, исклучително најдобрите здравствени системи, релативно високите нивоа на приходи и ниската нееднаквост. Во сите овие критериуми Германија има висока оценка. Нејзините јужни соседи не се справија толку добро: високата невработеност и економската несигурност ја соборија Шпанија на 55-то место од 29-то во 2014 година, а Грција на 76-то од 39-то. Германија и Франција се втори и трети во проценката на здравството, зад Австрија, која е на прво место.
8. Австрија
Место во 2014 година : 3
Трета година по ред Австрија е на прво место за здравство, надминувајќи ги сите 150 држави според овој показател. Сепак економијата на земјата даде знаци за контракција во 2014 година, што ја однесе Австрија до 8-мо место во вкупниот пласман од 3-то минатата година. Најчесто тоа се должи на зголемениот буџетски дефицит на земјата, кој делумно се должи на спасувањето на една банка. Ова може да значи лоши вести за “јавните услуги и програмите насочени кон пензионерите”, пишува во извештајот на Natixis. “Иако се очекува да остане меѓу главните дестинации за пензионерите во наредните години, идното место на Австрија во првата десетка ќе зависи во голема мера од економскиот развој во еврозоната, што треба да ги зајакне макроекономските основи”.
7. Данска
Место во 2014 година : 6
Данска има едно од највисоките даночни оптоварувања од индексот за безбедноста на вашето пензионирање. Во индексот се гледа дека Данска, Шведска, Норвешка и Австрија се меѓу лидерите со највисоки даноци и тоа се одразува негативно при пресметката на безбедноста на вашето пензионирање. Релативно високите приходи по глава на жител, силниот здравствен систем и ниската нееднаквост на приходите и помагаат на Данска да стигне до топ 10 во вкупната оценка.
6. Шведска
Место во 2014 година : 4
Шведска е една од четирите држави од Скандинавија во топ 10, заедно со Норвешка, Исланд и Данска. Шведска добива високи оценки за својот квалитет на живот и природна средина. Иако нејзините граѓани плаќаат огромни даноци, тие исто така имаат и високи приходи. Шведска, заедно со Норвешка и Швајцарија е меѓу 10-те земји со највисоки приходи по глава на жител.
5. Холандија
Место во 2014 година: 13
Холандија се искачи до 5-то место во рангирањето, со цели осум места понапред во однос на една година порано. Ова делумно се должи на подобрувањето на економската ситуација, која е благонаклонета кон пензионерите, како и високите оценки за здравство и материјалната благосостојба.
Историјата на Холандија не се разликува многу од онаа на Јапонија, која се искачи до 17-то место од 27-то година порано. И во двата случаи високите каматни стапки помогнаа за подобрување на севкупната безбедност на пензионерите, изјави Дејвид Лаферти, главен пазарен стратег во Natixis Global Asset Management. “Нешто повеќе, приносот што е достапен во места како Јапонија и Холандија, доведе до подобрување на нивните рејтинзи”.
4. Исланд
Место во 2014 година : 11
Слично на Холандија, Исланд се наслади со сериозно подобрување на ранг листата во однос на безбедноста на пензионерите. Земјата се искачи до 4-то место од 11-то година порано благодарение на најдобрите очекувања за економијата.
Банкарскиот систем на Исланд најде сигурна основа, а процентот на лоши заеми падна на 4% од 18% во 2010 година. Подобрувањето во банкарскиот сектор “покажа директно влијание врз безбедноста на заштедите на пензионерите”, се вели во извештајот.
3. Австралија
Место во 2014 година : 5
Пензиската програма на Австралија Superannuation Guarantee има задолжителни и доброволни елементи. Таа е главната причина земјата да постигне толку високи оценки за безбедност на пензионерите. Со невработеност од само 5%, како и висока еднаквост на приходите, ниска инфлација и ниски нивоа на долг, целокупната оценка на земјата, исто така добива високи оценки.
2. Норвешка
Место во 2014 година: 2
Силната економија на Норвешка и здравствениот систем на земјата освоија високи оценки за безбедноста на пензионерите. Други фактори во корист на Норвешка: таа го намали државниот долг како дел од БДП, намалување на невработеноста и подобрување на еднаквоста на приходите. Граѓаните на земјата плаќаат високи даноци, но и покрај тоа, земјата има највисока од 150-те земји во индексот “материјална благосостојба” – индекс, кој го мери приходот по глава на жител, рамноправноста на приходот и невработеноста.
1. Швајцарија
Место во 2014 година: 1
Швајцарија го задржа првото место по безбедност на пензионерите благодарение на силната економија и банкарскиот систем. И двете помагаат на нејзините граѓани “да одржуваат високо ниво на материјално благосостојба”, се вели во извештајот. Повисоките приходи по глава на жител, здравствениот систем и системот за доброволно пензионирање исто помогнале за ова рангирање.
Извор: Фактор