Жителите на Копенхаген имаат највисоки трошоци за јавен превоз

Не е ни чудо што велосипедизмот е толку популарен во Копенхаген. Една нова меѓународна анализа, покажа дека главниот град на Данска, има највисоки цени за јавен превоз во светот. На листата следеа и други скандинавски градови, како Стокхолм и Осло, кои се најдоа на втората и четвртата позиција. Просечните цени за билет во овие градови чинат 2,93 фунти (28 круни), односно 2,67 фунти (25 круни). Лондон е трет најскап град со билети по цена од 2,83 фунти.

Сепак, може да се каже дека постои оправданост за високите цени во Копенхаген, со оглед на тоа дека железниците во овој град беа прогласени за најбезбедни во Европа, а беа на трето место по безбедност во светот.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија