За еден месец пропаднаа 718 германски компании – ќе има ли „голема рецесија“

Наглиот раст на цените на енергенсите во август принуди на стечај неколку стотици компании во Германија, предупреди економскитот институт IWH, а банките очекуваат значително поголем износ на нефункционални кредити во следната година.

Барање за стечај во август поднеле 718 компании, што е за една четвртина повеќе од лани, а Институтот проценува дека истата стапка на раст ќе биде забележана и во септември.

Во октомври можно е да се искачи на 33%, споредено со бројот на стечаи во истиот период лани, проценуваат од Институтот.

„По долгиот период на ниски бројки на компании во стечај, трендот нагло се промени“, изјави Штефен Милер од IWH.

Германското бизнис здружение BDI предупреди на „голема рецесија“. Во истражувањето што го спроведе меѓу 593 претпријатија, повеќе од една третина од нив навеле дека поради високите цени на енергенсите им се заканува пропаст. Во февруари, кога почна војната во Украина, таква оцена дале 23 отсто од нив.

Индустриската група VKU исто така изрази загриженост, предупредувајќи дека на локалните комунални претпријатија им се заканува неликвидност поради високите цени на енергенсите и потенцијалните проблеми на купувачите со исплаќање.

Лидерот на здружението за хемиската индуистрија VCI вчера предупреди дека сè поскапата енергија би можело значително да ја загрози конкурентноста на Германија.

„Чекорот од водечка светска индустриска нација до музеј за индустрија никогаш не бил толку мал“, изјави за Reuters  шефот на VCI  Волфганг Гросе Ентруп.

Истражувањето на водечките кредитни институции во август покажа дека нефункционалните кредити во Германија следната година ќе пораснат на 37,6 милијарди евра, од 31,9 милијарди оваа година.

„Нашите корпоративни клиенти не го искусија бранот банкроти за време на пандемијата“, рече Хелмут Шлевајс, претседател на Германското здружение за штедење, на неодамнешната банкарска конференција.

„Денес, сепак, тоа веќе не може да се исклучи, само што обемот (на банкротите) сè уште не може да се квантифицира“, посочи тој.

Кристоф Шаласт, професор на Факултетот за финансии и менаџмент во Франкфурт, рече дека нефункционалните кредити не пораснале значително за време на пандемијата бидејќи државата им помагала на компаниите со програми за поддршка.

„Сепак, ситуацијата драстично се промени. Сега имаме други фактори, како што се инфлацијата, прекините на синџирот на снабдување, војната во Украина и зголемувањето на каматните стапки“, рече тој.

Дел од експертите предупредуваат дека не треба да се извлекуваат погрешни заклучоци од бројките кои покажуваат зголемување на бројот на стечајци.

Тие може да изгледаат лошо сега затоа што беа вештачки намалени за време на пандемијата, во 2020 и 2021 година, кога владата ги поддржа компаниите кои се борат со државна помош и го суспендираше законот што ги обврзува да поднесат барање за неликвидност, велат тие.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија