Зголемување на бројот на странски работници во Шведска

Бројот на работни места кои им се доделуваат на странците во Шведска е зголемен оваа година, покажаa новите податоци на шведската Агенција за вработување. Во јануари, бројот на странци кои нашле работа во оваа држава изнесувал 11.200, а во јуни таа бројка се зголемила на 16.800.

Една од причините за ова, е намалување на наталитетот меѓу Швеѓаните. Имено, од 2008 година, шведското работоспособното население се намалува за околу 22.000 луѓе годишно.

„Бројот на заинтересирани Швеѓани за едно работно место е намален. Затоа, новите работни места главно одат на лица родени во странство“, објаснува Јохан Бисман, шеф на одделение во Агенцијата за вработување на Шведска.

Побарувачката за работници од странство е особено висока во услужниот сектор во Шведска.
„Ваквите индустрии не би можеле да функционираат ако ја немаме работната сила од странство“, вели Улф Линдберг од Организацијата на работодавачи Алмега.

Меѓутоа, побарувачката за работници од странство не е ограничена само на нискоквалификувани работни места. „Шведска има дефицит на економисти и инженери“, вели Линдберг. „Поради тоа, се обидуваме да привлечеме странски студенти кои ќе ги задржиме овде.“

Најмногу доселеници работат во ИТ секторот. Истите доаѓаат главно од Индија, Русија и поранешниот Источен блок.

Според податоците од јуни кои ги објави Агенцијата за вработување, стапката на невработеност кај странците во Шведска е 22%, а кај Швеѓаните е само 7,5%.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска