Признавање на странски дипломи во Италија

Во Италија, постојат две категории на професии:
– професии кои не се регулирани со закон;
– професии кои се регулирани со закон.

Професиите  кои  не  се  регулирани  со  закон може  да  се  изведуваат  без  специфични квалификации и тие се отворени и за лица кои имаат италијански квалификации и за лица кои имаат  странски  квалификации.  Во  секој  случај,  корисно  е  да  се  приложи  и  странската квалификација, изјава за валидност (Dichiarazione di Valore in loco – DV) или било кој друг вид на  официјален  документ  кој  ги  опишува  главните карактеристики  на  странската  школска подготовка:  ваквиот  документ  може  да  преставува  сериозна поддршка  за  работодавачот  да може подобро да ги разбере квалификациите на кандидатот.

Со  цел  да  се  изведува  професија  регулирана  со  закон,  потребно  е  да  се  има  одредена диплома и да се исполнат сите потребни квалификации за изведување на професијата, како на пример  работно  искуство  и/или  професионална  лиценца добиена  со  полагање  на  државни испити, како и познавање на професионалната етика.
Вршењето на ваквите професии е заштитено со закон и е резервирано само за оние лица кои се   овластени   да  ја  изведуваат   професијата,  во   согласност  со   одредбите   за   тој  вид  на професија.  Со  цел  да  бидете  овластени  за  вршење  на одредена  професија,  кандидатот  кој поседува  странски  професионални  квалификации  мора  да  добие  официјално  признавање  од надлежните италијански органи.
Признавањето на професионалните титули стекнати во земји кои не се членки на ЕУ повлекува одредени формалности во поглед на документацијата која треба да се поднесе.  За одредени професии признавањето треба да биде добиено од Министерството за правда. Листата  на  професии можете да ја видите на следниот линк.

За признавање на диплома стекната во странство, потребно е да поднесете барање заедно со целата документација. Формуларите за апликација се различни, во зависност од тоа дали ги поднесува странец кој има регулиран престој во Италија, или странец кој не живее во Италија. Формуларите можете да ги најдете на следниот линк и истите се праќаат до Министерството за правда на Италија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија