Земјата добива “Црна кутија“ што ќе го регистрира крајот на светот

Доколку некогаш исчезне човечката цивилизација, што ќе остане? Можеби остатоци од напуштени градови или некои споменици, но можеби нема да има многу докази за сето она што човештвото успеало да го постигне.

Група истражувачи сакаат да го сменат тоа. Нивното решение е огромна неуништлива кутија во која ќе бидат запишани научни податоци кои ќе им покажат на можните идни цивилизации како изумрела нашата цивилизација.

Проектот е наречен Earth’s Black Box“ и е соработка помеѓу истражувачи од Универзитетот на Тасманија, маркетинг-агенцијата Clemenger BBDO и креативната агенција The Glue Society.

Кутијата ќе биде изработена од челик и ќе биде поставена на изолирано место во Тасманија. Во неа ќе има мемориски дискови што ќе работат на електрична енергија која ќе се произведува од соларни панели на покривот.

Информациите поврзани со климатските промени, истребувањето на видовите, загадувањето на животната средина и влијанијата врз здравјето ќе бидат евидентирани во монолитната структура, така што ако идното општество ја открие архивата еден ден, ќе може да го сложи мозаикот за она што се случило со нашата планета.

„Доколку драматично не го промениме нашиот начин на живот, климатските промени и другите опасности предизвикани од човекот ќе доведат до колапс на нашата цивилизација“, објаснето на е на веб-страницата за Earth’s Black Box.

„Црната кутија на Земјата ќе го регистрира секој наш чекор кон оваа катастрофа. Стотици збирки на податоци, мерења и интеракции поврзани со здравјето на нашата планета континуирано ќе се собираат и безбедно ќе се складираат за идните генерации“.

Иако некои сакаат да ја омаловажат Earth’s Black Box како ПР потег дизајниран да го привлече вниманието на луѓето – наспроти сериозен проект за научна документација – нема сомнеж дека на светот итно му треба свртување повеќе внимание и преземање повеќе мерки по овие прашања.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија