Измамата OneCoin

Во декември 2016 година, италијанскиот орган за конкуренција (“Autorità Garante della Concorrenza e del Mercato”) издаде наредба против компанијата поврзана со Ружа Игнатова One Network Services Ltd. и нејзините претставници во Италија за ” илегална финансиска пирамида “. На 27 февруари 2017 година, нивната активност во Италија беше забранета.

Во февруари 2017 година, германскиот супервизор за финансиски услуги, BaFin, ги замрзна сите активни банкарски сметки кои биле користени за перење пари за OneCoin Network – 29 милиони евра. Сите готовински операции на оваа “криптовалута” и целиот бизнис на поврзаните компании на Ружа Игнатова беа прекинати. На 9 мај, јавниот обвинител отвори истрага против 7 лица за организирана измама и перење пари. Според обвинителите, измамата изнесува околу 360 милиони евра за периодот од декември 2015 до декември 2016 година.

На 23 април 2017 година индиската полиција уапси 18 лица во Мумбаи за организирање на семинар преку кој се регрутираат нови членови во OneCoin. Во мај, беа блокирани милионски сметки и локалните пропагатори на пирамидата беа уапсени.

На 29 мај 2017 година, Меѓународната финансиска комисија (IFSC) издаде предупредување за “OneLife Network Ltd”, за тргување без лиценца за работа издадена од релевантна ЕУ институција, или дозвола од IFSC или било кој друг орган.

На 20 јуни 2017 година, Министерството за странски инвестиции на Виетнам издаде соопштение дека документите што ги користи OneCoin се фалсификати.

Скандалот исто така доби на значење со предупредувањата издадени од Унгарската централна банка, Хрватската, Тајландската и уште неколку други.

Во меѓународната онлајн платформа за тргување FOREX и криптовалути + PLUS 500 не се тргува со криптовалутата на Игнатова – OneCoin.

На сите македонски инвеститори кои вложиле пари во OneCoin им советуваме да преземат соодветни мерки пред домашните истражни органи.

Повеќе можи да прочитате тука

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија