Интересни факти за Холандија, земјата со повеќе велосипеди отколку луѓе

Општо е познато дека Холанѓаните одгледуваат лалиња, имаат ветерници и носат кломпи. Ви претставуваме уште неколку помалку познати навики на овој насмеан и културен народ.

– Холанѓаните сакаат да си играат со вкусови, па мешаат храна што инаку другите народи не би ја мешале. Путер од кикирики не го мачкаат на леб, туку го јадат со компири. Честопати ставаат мајонез над оваа чудна комбинација, а сето тоа го консумираат со пиво.

– Ако имате некоја флека на лицето или облеката без да забележите, а сте излегле на улица, не грижете се. Холанѓаните брзо ќе ве предупредат. Многу се отворени за такви работи.

– На холандски прослави и родендени, секој нов гостин што ќе се појави се поздравува со сите присутни гости поединечно. Ова може да потрае некое време. По честитките, гостите се собираат и се почестуваат со слатки, чаеви и кафиња. Ако домаќинот заклучи дека е време гостите да си одат, тој директно ќе им каже.
– Секој прв понеделник во месецот, во Холандија се огласува тест-аларм за тревога. Но, никој не обрнува внимание на звуците.

– Веројатно мислиме дека сме народ со оригинални клетви. Но, кога ќе ги слушнете холандските клетви, веднаш ќе сфатите дека не е така. Во своите клетви, тие честопати користат имиња на болести како колера, рак, тифус. Затоа, не е невообичаено да се слушне некој како вели: „Да се заразиш со колера“.

– Иако Холанѓаните сакаат алкохол и можат да пијат многу, не сакаат големи чаши и кригли. Тие сакаат да пијат малку по малку затоа што сакаат алкохолот да делува побавно.

– Нема да видите завеси на прозорците во Холандија. Тие не ја кријат внатрешноста на нивниот дом. Причината за тоа е што не им паѓа напамет да погледнат во туѓ простор.


2
Фото: Freepik

– Холанѓаните обожаваат велосипеди. Културата на возење велосипед е толку важна во Холандија, што дури има и амбасада посветена на неа – холандската амбасада за велосипедизам. Само во Амстердам има околу 800.000 велосипеди, со 500 километри велосипедски патеки, а повеќе од 63 отсто од жителите го користат ова превозно средство на дневно ниво.

– Велосипедите не се користат само за рекреација туку и како превозно средство за на работа и на училиште. Често може да се види како родителите ги носат децата на училиште со велосипеди. Холанѓаните не сакаат кациги и честопати нивниот аргумент е дека ни пешаците не ги носат.


3
Фото: Pixabay

– Во оваа земја има повеќе велосипеди отколку луѓе. Се користат вкупно 18 милиони велосипеди.

– Холанѓаните обожаваат огномети и едвај чекаат да дојде Нова година за да можат да видат огномети. Додека во повеќето земји на децата не им е дозволен пристап до огнометот, во Холандија децата се добредојдени на такви забави и уште од рана возраст учат како да користат пиротехника.

– Откако ќе им пукне воденикот, многу бремени жени во Холандија не одат на болница затоа што повеќе сакаат да раѓаат дома. Во болница се оди во случај на компликации за време на бременоста. Ако сè е во ред, на многу жени најдобро им е да се породат во сопствениот дом.

– Лалето, сега националниот цвет на Холандија, било увезено од Турција и се покажало дека исклучително добро успева на оваа почва.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Холандија