Како да дојдете во Германија преку регулативата за Западен Балкан?

Веројатно планирате да дојдете во Германија, но немате стручно или високо образование. За среќа постои регулативата Западен Балкан која можеби ќе ви овозможи да дојдете во Германија.

25.000 од најсреќните секоја година имаат можност да дојдат во Германија според овој критериум!

Каква е регулативата за Западен Балкан во Германија?

Ако не сте слушнале за регулативата за Западен Балкан, да ви објаснам. Во 2016 година, Германија го усвои овој додаток за да им олесни на неквалификуваните работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Албанија да дојдат во Германија.

Во почетокот, оваа регулатива требаше да престане да постои на крајот на 2020 година, но поради зголемената потреба од неквалификувани работници, регулативата е продолжена до 2023 година.

Ваквото правило овозможува голем број неквалификувани работници од Западен Балкан да дојдат и да работат во Германија. Законот важи до 31 декември 2023 година.

Што е потребно за да се дојде во Германија преку регулативите за Западен Балкан?

Тука можете да ги погледнете сите видови на визи за Германија.

Со регулативата за Западен Балкан работите се малку поинакви. Реално, за работниците кои сакаат да дојдат во Германија на овој начин, не е неопходно да го знаат германскиот јазик или да имаат признаена квалификација, односно диплома.

Единствените 2 услови кои мора да се исполнат се следните:

  • спремен договор за вработување
  • проверка во Arbeitsamt во случај да има лице во Германија кое може да ја пополни позицијата

Колку и да звучи примамливо, најголемиот проблем е проверката од страна на Arbeitsamt. Имено, бидејќи има многу барања за пристигнување преку прописите за Западен Балкан, агенцијата за вработување во Германија проверките ги врши многу бавно, па не може да се пристигне толку експресно.

Можете да дознаете повеќе за тоа во видеото на DW подолу:

Кои професии најбрзо добиваат работа преку регулативата за Западен Балкан?

Ако истражеме кои професии имаат најголеми шанси да дојдат во Германија на овој начин, не е тешко да се заклучи.

Градежната индустрија, логистиката, транспортот и медицинската нега се главните професии во кои има хроничен недостаток на работна сила.

Во 2020 и 2021 година, 86% од таквите работници биле мажи, а 44% од нив работеле во градежната индустрија.

Логистиката и транспортот се високо застапени во Германија, која масовно ги извезува своите производи, па затоа зголемената побарувачка за пошта и испорака на пакети дава можност и за вработување на овој начин.

Во земја како Германија, каде што процентот на стари луѓе е многу висок, потребата од негуватели е доста голема и тука можете да дознаете како е да се работи како негувател без искуство во Германија.

Колку долго се чека за виза?

Колку и да е лесно да добиете договор за работа преку некого, без разлика дали се работи за познаник кој веќе работи во Германија, или одредена компанија веќе знае за вас, постапката за добивање виза трае долго.

Причината е едноставна: премногу барања кои амбасадите едноставно не можат да ги обработат. Кога на тоа ќе додадеме дека за секој договор треба да се проверува и германскиот пазар на труд, доаѓаме до долга листа на чекање.

Поради тоа се оди на принцип на „лотарија“, па се надевате дека ќе ве извлечат.

Што велат Германците за работниците од Западен Балкан?

Зошто воопшто беше донесена регулативата за Западен Балкан?

Па, во Германија е општо познато дека луѓето од Западен Балкан се високо ценети работници, кои со години ја зајакнуваат германската економија.

Во студија на Институтот за истражување на пазарот на труд и стручни истражувања (IAB), интеграцијата на луѓето кои нашле работа врз основа на оваа регулатива е поуспешна во споредба со другите групи мигранти.

Луѓето од Западен Балкан ги задржуваат своите работни места, тие се подобри работници, а само 0,1% од нив добиваат бенефиции за невработеност, што значи дека луѓето дошле овде за праведно да си го заработат лебот.

Колку е важно да се познаваат работодавците?

Бидејќи агенциите за вработување не можат да бараат визи за работниците, им останува вработување директно преку компаниите, а лесно е да се заклучи како нашите луѓе успеваат да најдат фирми.

Работата најчесто се добива преку лични познанства, преку оние кои веќе се во Германија. Добрата препорака од пријател значи многу за човек да се вработи.

Кога ќе се вработите, 2 години сте врзани со работодавецот, што значи дека не смееш да бидеш невработен. За ова детално напишав во текстот како да се промени работодавец во Германија.

Важно е само да се нагласи дека секој што сака да предложи работник на германска компанија мора да внимава кого предлага. Бидејќи работниците од Западен Балкан се многу почитувани и докажани дека се вредни, не треба да се предлага некој што нема да биде толку вреден како што се бара од него, важно е имиџот на работниците да остане добар.

Целата содржина е информативна и правилата за издавање визи може да се променат во зависност од ситуацијата во поединечните амбасади. Oва е само добар водич во која насока треба да одите со апликацијата.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија