Како да најдете легална и безбедна работа во ЕУ?

Минатата година Шведска објави дека во 2015 планира да ги отвори вратите за имигрантите кои бараат работа, но добри понуди за вработување има и од другите развиени земји од Европската унија. Се бараат лекари, медицински сестри, машински, градежни, електроинженери, ИТ стручњаци, водоинсталатери, машиновозачи, негувателки за стари лица, готвачи, стоматолози, психолози…

Статистиките покажуваат дека работа во странство најчесто се бара преку разни агенции и посредници. За жал, таквото вработување неретко завршува со работа на црно, а имало и случаи на сериозни злоупотреби, пишува порталот dnevno.rs.

За разлика од таквото, постои и легално врабoтување во странство.

Не е тајна дека поголемите стручњаци полесно ќе најдат работа, па и ќе ги прескокнат бариерите кои сеуште постојат на пазарот на трудот во некои држави. Сепак, и некои средношколски занимања, а пред се занаетчиите поминуваат бидејќи во високоразвиените држави на ЕУ едноставно ги нема доволно.

Слична е и ситуацијата со стручњаците од природните науки кои скоро секогаш имаат предност пред оние од општествените науки.

Услов за добивање дозвола за населување до неодамна беше годишна бруто заработка на работникот од 66.000 евра. Сега е намалена на 44.000 евра, а за посебно дефицитарните кадри, како што се машински инженери и техничари, прагот на годишната заработувачка е 35.000 евра.

За да им се олесни на работниците кои планираат да одат на работа во странство, некои земји имаат прегледни страници на отсеците за миграција каде се набројани дефицитарните занимања како и документите потребни за пријава.

Во помошта на рабoтниците кои сакаат да заминат на работа во странство се вклучија и институциите на Европската унија.

Така, на сајтот ЕУРЕС (Тhe Еuropean Јоb Моbility Portal) сите кои бараат рабoта во ЕУ можат да видат во која држава кои занимања се барани, колкава е платата и какви се условите за работа.

На сајотот на ЕУРЕС во горниот десен агол има опција за менување на јазиците. Го нема македонскиот, а за тие кои не знаат англиски или друг светски јазик од 25-те застапени јазици, најразбирлив за Македонците е хрватскиот. Сепак, најдобро е пребарувањето да се врши на англиски, бидејќи некои содржини не се достапни на другите јазици.

Еве кои занимања во кои земји се најбарани:

Австрија: медицински сестри (хирургија, психијатрија, педијатрија), инженери (греење, вентилација, електрика, градежништво), ИТ сектoр, неквалификувани работници и занаетчии (заварувачи, монтажери, ѕидари, тесари, молери, столари…)

Франција: инженери (машинство, електроника), ИТ сектор (девелопери, програмери, аналитичари), медицински сестри, негувателки, градежни работници, молери…

Велика Британија: медицински сестри, негувателки, лекари (гинеколози, радиолози, педијатри, хематолози, форензички психијатри), ИТ сектор, инженери по хемија и рударство, готвачи, градежни терхничари и инженери, електроинженери, машинци

Шведска: аптекари, градежни инженери и техничари, геометри, инструктори за возење, лекари од сите струки, наставници и учители во основни училишта, педагози за лица со посебни потреби, работници за изградба на железници и патишта, рудари, стаклоресци

Шпанија: машински инженери, ИТ стручњаци, сезонски рабoтници

Норвешка: медицински сестри, лекари, стоматолози, фармацевти, градежни техничари и инженери, ИТ сектор, готвачи, психолози, градежни работници

Холандија: ИТ стручњаци, мнедицински сестри (геријатрија, палијативна нега, итна помош), физиотерапевти, градежен сектор, готвачи

Германија: медицински сестри, лекари, ИТ стручњаци, нега на стари лица, инженери (градежни, електро, машински), водоинсталатери, машиновозачи во железнички сообраќај.

Целата побарувачка од работна сила во овие земји побарајте ја тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија