Како да се пријавите за американска зелена карта

САД секоја година организираат лотарија на која можат да се пријават заинтересирани кандидати од целиот свет, кои доколку бидат извлечени, ќе добијат иселеничка виза. Во последните години многу Македонци се пријавуваат на оваа лотарија, а лани извлечени биле над 400 кандидати од Македонија.

Пријавувањето е едноставно и нема да ви одземе повеќе од 5 минути. Најпрво треба да ги внесете вашите лични податоци, како на пример име и презиме, датум и место на раѓање, адреса на живеење, највисоко образование во моментот на пријавување, брачен статус, број на деца и слично. При аплицирањето треба да прикачите и ваша фотографија, која треба да биде со определени димензии и позиција. За полесно одредување на сето тоа, можете да ја искористите алатката поставена на официјалниот сајт за пријавување, која ќе ја направи вашата фотографија според бараните димензии и поставеност. Оваа алатка можете да ја најдете на следниот линк.

phototool

Важно е тоа дека фотографијата не треба да биде постара од 6 месеци, треба да биде во боја, а позадината да биде бела. Доколку секојдневно носите очила, можете да ги носите и на фотографијата.

По запишување на сите податоци и прикачување на фотографијата, ќе добиете број на регистрација кој морате да го чувате до извлекувањето. Пожелно е да го испринтате, или да го зачувате на компјутер.

Пријавувањето е бесплатно, а можете да го направите на следниот линк. Рокот на пријавување трае до 3 ноември, а резултатите ќе бидат објавени во мај следната година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија